Љубовен хороскоп за септември: Близнаците ги чекаат сериозни разговори, Водолиите непристојни предлози

Што ќе ви се случува на поле љубов во септември? Што ќе ви донесат крајот на летото и почетокот на есента?

Дали нова краткотрајна авантура или стабилизирање на односите со партнерот?

 
 

Овен

Ако сте во врска:

  
 

Ќе уживате во забавни активности со саканата личност на почетокот на месецот. Можно е понатаму да има некои несогласувања бидејќи ќе бидете повеќе посветени на излегувања со пријатели, но двајцата избегнувајте љубоморни сцени и испади. Ќе успеете да најдете компромис околу финансиите, а на крајот на месецот ќе имате повеќе согласувања и ќе остварите заедничка цел.

Ако сте слободни:

Вашите обиди да започнете емотивна врска со личноста која подолго време ви се допаѓа може да завршат неуспешно. Ќе бидете нерасположени и ќе изгубите мотивација, но кон средината на месецот ќе запознаете личност полна со енергија и идеи кои ќе ви привлечат внимание. Ќе ги прифатите предизвиците и добро ќе се забавувате.

Бик

Ако сте во врска:

Во првата декада месецот ќе ви донесе несогласувања и конфликти, а силните страсти и љубомората ќе имаат удел за немирот во врската. Кон средината на месецот неопходен е компромис за да се реши ситуацијата. Се очекува да ги подобрите односите со саканата личност, но ќе мора повнимателно да пристапувате кон остварувањето на заедничките планови.

Ако сте слободни:

Ќе доживеете многу успеси со посакуваната личност, а вашето флертување ќе доведе до неколку заеднички излегувања, па вратата за почеток на нова врска ќе ви биде отворена. Сепак, може да имате преголеми барања, желби и очекувања, а потоа ќе следат и првите критики. Најмногу несогласувања може да има во врска со погледот на животот и секојдневните навики, па вие одлучете како ќе продолжите.

Близнаци

Ако сте во врска:

Ќе имате многу идеи како да се забавувате со саканата личност и како да ја зачините љубовната врска. Ќе сфатите дека сте се запоставиле и дека има многу за истражување и разговори кои не сте ги направиле. Исполнувањето на заедничките цели и планови, како и зачестените излегувања ќе направат повеќе да се зближите.

Ако сте слободни:

Ќе бидете расположени за забава и нема да бидете заинтересирани за сериозни врски. Ќе посакате авантури и врски кои се без обврски и површни. Единствено ќе ви недостасува личноста која ги дели таквите интереси со вас, а ќе запознаете повеќе потенцијални, па ќе треба да го направите вистинскиот избор.

Рак

Ако сте во врска:

Очекувајте повеќе разговори на сериозни теми со саканата личност кои ќе ве водат кон решавање на она што е приоритетно на љубовно поле. Ќе внесете повеќе забава и страст во врската, а тоа ќе придонесе за стабилност на истата. Втората половина на месецот може да биде постресна и напорна и потешко ќе се договарате околу заедничките обврски.

Ако сте слободни:

Личноста која ви се допаѓа ќе се однесува незаинтересирано и ладно. Тоа на почетокот ќе ве растажи и ќе се откажете од обидувањето да ја придобиете, но набрзо ќе забележите дека некој на кого не сте му обрнувале внимание, срамежливо ќе ви се додворува. На почетокот ќе игнорирате, но подоцна ќе дадете шанса и ќе се изненадите позитивно.

Лав

Ако сте во врска:

Во првата половина на септември ќе бидете во можност да разговарате со партнерот повеќе од вообичаено и да решите многу работи кои сте ги притискале во себе периодов. Повеќе ќе се ангажирате околу заедничките планови, излегувања и забава и ќе знаете како да преземете иницијатива. Во втората половина можни се несогласувања, но ќе успеете да ја надминете кризата со заеднички сили.

Ако сте слободни:

Искористете ја што подобро можноста која во текот на септември ви се пружа кога станува збор за влегување во емотивна врска. Тоа може да биде полн погодок и нешто што го чекате долго време. Ќе запознаете личност која е динамична, комуникативна, полна со иницијатива и практични идеи. За кратко време ќе почувствувате привлечност, па дајте сè од себе да успее.

Девица

Ако сте во врска:

Бидете внимателни во првата декада на септември бидејќи партнерот може да се сомнева во вас без никаква основа. Доколку не го поправите однесувањето ќе оставате погрешен впечаток, па направете што можете за да нема недоразбирања. Постигнете компромис за да ги надминете несогласувањата, а во втората половина од месецот искреноста ќе има клучна улога, па ќе дојде до смирување на тензијата.

Ако сте слободни:

Личноста која ви се допаѓа не реагира така како што си замислувате со оглед на вашиот флерт. Наместо да ја промените тактиката, ќе се повлечете и ќе бидете подготвени да се откажете. Сепак, најдете начин да го надминете разочарувањето и да ја привлечете личноста и набрзо  ќе успеете. Страста ќе биде силна и тоа најмногу ќе ве одржува, но бидејќи е тоа единственото што ве држи, може да ја прекинете врската.

Вага

Ако сте во врска:

Првата половина на месецот ќе ви донесе зајакнување на страстите кои ќе предизвикаат конфликтни ситуации во односите со партнерот. Можно е да дојде до љубоморни сцени, па ќе ви биде неопходно повеќе дружење и забавување со цел да ја освежите врската и да ги надминете несогласувањата. Во втората половина работите ќе се одвиваат подинамично и вашите интереси ќе бидат изедначени.

Ако сте слободни:

Ќе се чувствувате разочарано од околината, а најмногу ќе ви пречи што во ваша близина нема да забележувате ниту една личност која би ве привлекла. Тешко наоѓате личности кои со вас ги делат интересите за тоа како треба да изгледа емоционална врска, а ќе ви недостасуваат добрите манири. Во втората половина може да дојде до промени што ќе ви донесат повеќе возбудливи авантури.

Скорпија

Ако сте во врска:

Овој месец очекувајте подобрена комуникација со партнерот, заради што ќе почнете да планирате повеќе заеднички активности и да се дружите со заеднички пријатели. Избегнувајте посесивност и љубомора и впуштете се повеќе во интимни моменти кои ќе ве зближат. Кон средината на месецот можни се несогласувања, но немојте работите да ги заклучувате на своја рака без да имате издржани факти.

Ако сте слободни:

Забавата ќе ве привлекува многу повеќе од влегувањето во сериозна врска. Ќе имате шанса да влезете во авантура со личност со таков дух. На почетокот добро ќе се согласувате, но набрзо ќе откриете дека новиот партнер е премногу динамичен и немирен, дури и за вас. За кратко може да започнат повеќе несогласувања, па останете дали физичката привлечност е доволна за врска.

Стрелец

Ако сте во врска:

Ве очекуваат повеќе заеднички активности во кои ќе уживате со партнерот во првата декада. Ќе имате идеи како да го уредувате заедничкиот простор за живот и ќе водите пријатни разговори на различни теми. Ќе ги подобрите заедничките финансии, но избегнувајте неискреност и криење некои факти што може да доведе до сериозни несогласувања.

Ако сте слободни:

Потребно ви е да се појави некој кој ќе знае како да ви ја крене енергијата и со кој ќе имате динамична врска, полна со заеднички активности и авантури. Потребни ви се патувања, излети, спортски активности во пар, како и разговор на разни теми. Сепак, вие ќе бидете склони кон личности кои се спротивни на ова, а на крајот на септември ќе имате шанса да запознаете некој со ваков профил.

Јарец

Ако сте во врска:

Одлично би било месецов да го искористите за да изреализирате барем една заедничка цел која ја имате во договор со партнерот. Ќе имате погодни околности и ќе бидете мотивирани. Ќе ви годат заеднички излегување и забавата. Не дозволувајте работните обврски да ве одделат од него. Ќе имате внатрешен немир и ќе бидете емоционално затворени поради чувството дека врши преголем притисок врз вас.

Ако сте слободни:

Ќе имате неодолива желба за забава и работните обврски ќе ги ставите на второ место. Излегувањата со пријателите ќе ви овозможат да запознаете една прекрасна личност. Ќе има многу страст со неа, но може да заклучите дека нејзините ставови се премногу модерни за вас. Иако ќе сакате малку да паузирате од средбите, сепак ќе дојде личност која ќе ви го сврти умот со својата интелигенција.

Водолија

Ако сте во врска:

Ќе се соочите со некои тешкотии во врската и ќе имате несогласувања со партнерот околу некои заеднички вложувања. Мора да ги избегнувате лагите во врската ако не сакате компликации. Вашата доверба ќе биде ставена на тест, но без оглед на пречките ќе успее да надвладее љубовта. Најважно е што двајцата сте мотивирани да ја одржите и зацврстите вашата заедница.

Ако сте слободни:

Некоја личност со својата привлечна надворешност ќе успее да ве маѓепса. Но, ќе се појави и трета личност која ќе ви предложи тајна врска. Наскоро ќе забележите дека околу вас ќе има многу интригантни ситуации, кои се закануваат да ви ја расипат репутацијата и ќе сфатите дека треба да се тргнете на страна од сè. Сепак, потоа ќе следува смирување на работите со личност која одамна ви се допаѓа.

Риби

Ако сте во врска:

Вашиот партнер крие нешто од вас и веќе подолго време се сомневате во него. Ќе ја откриете неговата тајна и нема да ве се допадне, па односите меѓу вас ќе се заладат. Но, мора да прифатите компромис ако не сакате дополнителни конфликти. Посветете си повеќе време еден на друг за да ја размрдате заспаната романтика и страст во врската. На крајот од месецот работите ќе дојдат на свое место.

Ако сте слободни:

Сакате романтика и посветена врска, но една личност која од вас сака само краткотрајна авантура ќе ви го расипе расположението. Слободно дрско одговорете на непристојните понуди за тајна врска. Во втората половина од месецот ве очекува средба со личност, која е совршена според вашите критериуми. Ќе ја запознаете преку некој пријател и со неа ќе почувствувате инстантна поврзаност.

(156)

loading...

Вашиот коментар