3 интересни начини како да го појачате вашето утринско смути

Секој човек сака своето утро да го започне со здраво, сочно смути. Сакате ли вашето смути да изгледа побогато со цел полесно да ги извадите мастите од вашето тело? Во продолжение ќе ви прикажеме три начини како да го појачате вашиот утрински доручек со кој ќе го подобрите вашиот метаболизам и побрзо ќе ги тргнете маснотиите од телото.

  1. Дуплирајте ја вашата протеинска доза

 
 

Протеинската туба не е единстевно решение за зголемување на мускулната маса. Постојат повеќе начини за појачување на вашата протеинска доза. Најпрвин, пробајте да додадете мелена шолја бел грав во смутито кое го прави покремасто и додава 10 грама протеин, при што вкусот останува непроменет. Друга опција е путерот со кикирики кој можете да го купите во секој супермаркет. Доволно е пола чашка да ставите во вашето смути која содржи 10 грама протеин и е на витаминска база која помага кај луѓе со срцевни проблеми. Последна опција се јајцата, поточно течни,бели јајца кои претставуваат скоро чист протеин кој може лесно да го свари вашето тело.

2. Заменете ги бананите 

  
 

Овошјето претставува марка за секое смути главно поради неговиот вкус, текстура и нутриција. Но, доколку сакате да не корисите само овошје во смутито, почнувате да барате нови начини како да бидете поиновативни. Загреаниот карфиол е прва алка која го збогатува вашето смути и му дава посебен милкшејк вкус. Исто така, содржи витамин Ц кој претставува добар антиоксидант. Како следно, добар начин за да го збогатите утринскиот доручек се варени моркови или пак пиперки главно поради бета-каротин кој ја подобрува вашата кожа. Последен додаток кој може да смени многу во вашето смути е слаткиот компир кој дава убав шмек и содржи потасиум ( витамин ), кој го намалува вашиот холестерол.

3. Изоставете го шеќерот

Без да користите сируп, мед или други видови на шеќери, вие можете да го смените вкусот на вашето смути. Најпрвин, пробајте да ставате цимет со мала капка ванилин екстракт во вашиот доручек кој дава интересен, сладок вкус, но всушност вие не ставате ни грам шеќер во смутито. Добра опција е да додадете малце лутина во доручекот, како на пример мали корки од халапено за убаво зеленкасто смути. И на крај, збогатете го смутито со здрави, лековити билки ( зелен чај, ментол ) кои претставуваат добар антиоксидант.

(20)

loading...

Вашиот коментар