3 начини да се спасите од несреќниот брак без развод

Ако очајно барате излез од несреќниот брак, вашиот живот сигурно станал неподнослив. Знаете дека има подобар начин на живеење бидејќи нештата биле подобри. Но сега единствено размислувате како да се спасите од мизеријата. Во овие ситуации најважно е да разберете зошто сте толку несреќни во вашиот брак.

Обидете се да го откриете коренот на вашата несреќа. Ова ќе ви помогне да ја добиете потребната самодоверба за да ги преземете потребните чекори. Пред да донесете заклучок дека разводот е единственото решение, важно е да знаете дека разводот не е лесен процес. Тој е една од најтешките животни транзиции, а во него ќе бидат вклучени и вие и вашето семејство. Сепак, постојат 3 ситуации во кои разводот е најдоброто и најбрзото решение.

 
 

1. Вашиот сопруг е зависник и не сака да бара помош и покрај вашите постојани барања.

2. Сопругот ве малтретира и вас и вашите деца.

  
 

3. Вие и сопругот претставувате лош пример за децата за тоа како треба да изгледа еден брак, а состојбата не се подобрува и покрај сите ваши напори.

Ако не сте соочени со една од овие ситуации, разводот не е единствениот излез. Во зависност од ситуацијата, постојат и други опции што треба да ги разгледате.

1. Се случува нешто друго во вашиот живот што има влијание на вашиот брак
Размислете дали сте под стрес поради работното место, родителите, парите, децата, некој настан или што било друго што ви е важно. Може да биде многу лесно да мислите дека вашиот сопруг е извор на вашата несреќа ако не се обидува доволно да ви помогне.

Ако вашата несреќа потекнува надвор од бракот, тогаш решете го тој проблем. Кога ќе го направите тоа ќе сфатите дека имате повеќе енергија да разговарате со сопругот за проблемите во бракот. Кога ќе можете да разговарате и заедно да барате решение, ќе излезете од лошиот циклус.

2. Врската со сопругот е причина за вашата несреќа
За врската да биде функционална потребна е работа и од двете страни. Па размислете како вие придонесувате за вашата несреќа. Можеби ги игнорирате проблемите наместо да се соочите со нив. Одбивате да разговарате со партнерот бидејќи сметате дека нема цел, не го почитувате, или вашиот сопруг не ги задоволува вашите потреби бидејќи не му кажувате кои се.

Само кога ќе се обидете да бидете добар сопружник ќе знаете дали вашиот брак има шанси да успее. Ова не значи да правите сè што ќе ви каже сопругот, туку да го дадете најдоброто од себе во врската. Тогаш можеби ќе сфатите дека можете да ја подобрите врската со сопругот, а со тоа и да го спасите бракот.

3. Сте направиле сè, но ништо не помага
Важно е да дадете сè од себе за да ги решите проблемите во бракот. Овој труд не е залуден. Кога навистина ќе се обидете да ги решите проблемите, ќе ви стане јасно дали разводот е навистина единствениот излез. Другата предност од ова разјаснување е тоа што полесно ќе се справите со разводот доколку дојде до тоа и ќе има повеќе почит помеѓу вас и сопругот. Ова не значи дека разводот ќе биде лесен, но полесно ќе се справите со последиците од прекинувањето на бракот.

Не е лесно да се избега од несреќен брак. Но кога ќе ја сфатите вистинската природа на вашата несреќа, ќе можете да ја донесете правилната одлука и конечно да ја добиете слободата и среќата што ги посакувате.

(165)

loading...

Вашиот коментар