3 правила за сексот со новото момче да не биде катастрофа

По некое непишано правило, првиот секс со новиот партнер може да биде вистински хаос. Секако, постојат начини да ги намалите шансите да биде така.

Со години сте биле со ист партнер кој точно знаел како да ве донесе до лудило, каде да ве бакне за да ви затреперат колената, а што секогаш да одбегнува без исклучоци.

 
 

Но, по разделбата, не сте сигурни дека новиот партнер може да ги разбуди истите страсти. Секој почеток може да донесе многу прашања и несигурности. Дали ќе му се допадне? Дали ќе има хемија? Дали е тој воопштo во состојба да го пронајде вашиот клиторис?

Многу грижи и прашања, а малку уживање. Сексот со новото момче може, но не мора да значи дека ќе биде катастрофа.

  
 

Секако, има начин да ги намалите шансите да биде така доколку се водите според следниве совети:

1. Не преболувајте го бившото момче со секс со друг
За жал, не постои ниту еден показател според кој би можеле да заклучите дали сте закрепнале од прекинатата врска и дали е конечно време да се впуштите во нова љубовна авантура во која ќе имате секс со друго момче. Можеби никогаш со сигурност нема да знаете дали сте подготвени за таков чекор, но во едно мора да бидете сигурни, а тоа е дека вашите очекувања треба да бидат реални.

Бидете начисто со тоа што го сакате, а пред сè искрени кон себе. Ако сексот со новиот партнер ви е решение или начин да го преболите поранешното момче, можеби само сакате на тој начин да ја пополните празнината која ја чувствувате после разделбата, или да ја обновите самодоверба. Резултатот во ваков случај би можел да биде разочарувачки.

Сексот нема да ја пополни празнината која длабоко во себе ја чувствувате, а исто така не можете да знаете како ова ќе влијае на третата личност, односно како вашето поранешно момче ќе реагира за ова. Затоа прво и основно треба да бидете сигурни дека ова го правите за добро да се забавувате и после тоа да не жалите за стореното.

2. Пробајте нешто ново
За прв секс после прекин на врската, девојките најчесто одбираат некој кого веќе го познаваат, а многу често се случува изборот да падне и на некое од поранешните момчиња. Наместо тоа, ширете го кругот на свои познаници сè додека не сретнете некој кој изгледа како што вие би сакале, активирајте ги своите профили на социјалните мрежи, размислете дури и да отворите профил на некоја мрежа за состаноци како на пример Тиндер.

Испратете порака на некој кој поодамна ви се допаѓа, поканете го да излезете на пијалак и размислете дали тој одговара на критериумите кои ги имате поставено. Немојте уште на првиот состанок да му скокнете во кревет, ако веќе го имате тоа на ум, почекајте и одберете да го направите тоа на вториот состанок.

Барате момче со голема сексуална енергија? Како да го препознаете? Дали се чувствува задоволно и сигурно во својата кожа? Додека вие флертувате со него, дали тој ви враќа со некои ситни знаци, на пример дали случајно ја става раката на вашето рамо или ја менува позата во која седи кога вие ја менувате вашата? Тоа би можело да  бидат знаци на усогласеност на вашите желби.

Секако, многу од новите  момчиња ќе ви изгледаат интересно, но важно е да најдете некој кој ќе има разбирање за вашите потреби. Малите гестови како нудење на подобро место во кафулето, дали ви е ладно кога некој ќе ја отвори вратата, кревање на работите кои случајно ви паднале, сето тоа се знаци дека е способен да внимава на вашето задоволство кога ќе бидете заедно во кревет.

3. Мислете на своето задоволство
Кога конечно ќе се одлучите за чинот секс, немој да се грижите за неговото задоволство. Фокусирајте се на сопственото и заборавете на сè што сте знаеле за сексот и работите што сте ги практикувале со вашето поранешно момче.

Кога сте во врска, тешко е да се занемарат чувствата и останатите елементи кои не се секси и да се посветите на чисто задоволство. Кога не сте во врска, сексот може да биде ослободувачки, а ова особено се однесува на секс после долгогодишна врска. Дозволете си да истражувате некои нови работи, направете сè што сте сакале, а претходно не сте се осмелиле да пробате. Бидете сосема нова личност во креветот.

Можеби сте размислувале колку би било возбуливо вие да сте шефица во креветот или сте фантазирале за секс на подот во кујната. Што и да сте посакувале, немојте да се срамите. Надвор од оковите на врската, вие сте слободни да се изразите без оглед на машкото его – кое на некого може да му биде дури возбудливо.

Додека сте уште возбудени и со облека на себе, дајте му на знаење на тој среќник кој сте го избрале што сè би можело да се случи кога ќе ги соблечете алиштата од себе. Ако прифати да игра според вашите правила, дајте му шанса, но во вашиот стан, бидејќи ќе се чувствувате посигурно доколку играте на познат терен. А тоа е најдобар почеток за добар, ослободувачки секс.

(156)

loading...

Вашиот коментар