3-те најважни совети за слабеење од жена која изгубила 45 килограми

Експертите се согласуваат дека промената на животните навики е најдобриот начин да се ослободите од вишокот килограми. Ребека Графтон од Филаделфија, целиот нејзин живот водела битка со килограмите. По завршувањето средно училиште, проблемот само се влошил. Штом се преселила во нејзин стан и сама почнала да се грижи за нејзините оброци, сфатила дека почнала да се здебелува.

Кога стигнала до 111 килограми, решила да ги промени нејзините животни навики – одлука што ѝ помогнала да намали цели 45 килограми за само две години. На ова патување најмногу ѝ помогнале:

 
 

1. Почнала да брои калории
„Почнав да користам апликација за следење на бројот на калории што ги внесувам, како и оние што сум ги потрошила со вежбање. На тој начин знаев колку смеам да изедам во секој момент.“

2. Ден за мамење
Ребека си дозволувала да се опушти на крајот од неделата.

  
 

„Одлично е да бидете доследни на начинот на исхрана и вежбањето, но мамењето може да биде корисно бидејќи ја задоволувате желбата за одредени намирници, а сепак останувате на вистинскиот пат.“

За појадок најчесто јадела омлет од белки со зеленчук и малку јогурт. Пиела и кафе со млеко. За ручек јадела печено пилешко со салата. За ужина јадела печиво со малку посно сирење, а за вечера печен лосос, сладок компир и моркови. Одвреме-навреме си дозволувала и десерт во форма на чоколадни протеински плочки.

3. Вежбала речиси секој ден
Најважното нешто во трансформацијата на Ребека било вежбањето. Таа вежба речиси секој ден по еден час. Некогаш оди во теретана и прави вежби со тегови, вози велосипед, трча или вежба дома со помош на разни видеа. Комбинира кардио вежби и вежби со тегови, а најчесто прави пауза во недела.

Најголемата мотивација за следење на правилата ја пронашла кај себе. Кога почнала да ја забележува промената на телото толку била воодушевена што само сакала да продолжи понатаму. Наскоро потоа направила и Инстаграм профил на кој споделува рецепти, фотографии од трансформацијата и слични содржини за мотивирање.

(144)

loading...

Вашиот коментар