5 знаци дека партнерот ве контролира без да бидете свесни за тоа

Можеби конечно сте го сретнале совршеното момче. Први да се чувствувате убаво, сакано и безбедно. Но постепено сте почнале да забележувате нешто чудно и се запрашувате дали е премногу заштитнички настроен кон вас, или пак сака да ве контролира. Голема е веројатноста и вие, како и многу жени, да сте „заглавиле“ во ваква врска. Ако препознаете поголем дел од овие знаци, најверојатно вашето момче сака да ве контролира.

1. Директно ви кажува дека контролира
Постојат мажи кои всушност кажуваат дека имаат потреба или сакаат да ја контролираат врската. Често може и да ве уценува дека ќе ве напушти ако не му го дозволите тоа. Понекогаш може и да не разговара со вас без вие да знаете што сте погрешиле. Па ако партнерот ви каже дека сака да ве контролира, немојте да се двоумите и заминете си веднаш.

 
 

2. Се однесува како да знае сè
Мажите кои сакаат да контролираат знаат сè и очекуваат вие да го прифатите тоа. Без разлика на вашето знаење за социјални, политички или лични теми, тој ќе ве убедува дека сте грешка и ќе направи да се чувствувате инфериорно бидејќи имате различно мислење од неговото. Ако помислите да му се спротивставите на која било тема, веднаш ќе ја нападне вашата гледна точка. Запомнете, тој сака да мислите дека знае најдобро. Ако постојано му го дозволувате тоа, вашиот глас никогаш нема да биде слушнат.

3. Диктира што ќе се случува во спалната соба
Ако вашиот партнер кажува каде, кога и како ќе водите љубов, сигурно ве контролира. На почетокот можеби ќе ви се допаѓа оваа особина бидејќи сака негов аспект на врската. Но наскоро ќе стане неподносливо. Немојте да правите компромиси во врска со сексот. Ако нешто не сакате да направите, немојте да го правите.

  
 

4. Го менувате однесувањето според неговите потреби
Тешко е да го забележите овој знак бидејќи мислите дека промените што ги правите за да го задоволите партнерот се незначајни. Но со текот на времето ќе биде потребно да промените сè само заради него. Ако вашиот партнер не е доволно сигурен во себе за да го прифати вашиот карактер, нема потреба да трошите време на него. Прашање на време е кога ќе почне да го контролира секој аспект од вашиот живот.

5. Истото се случувало и со неговите поранешни девојки
Сигурно не сакате да барате совети од бившата девојка на партнерот. Но, начинот на кој се однесувал со нив е навистина важен бидејќи ви дава увид што можете да очекувате. Ако ви пријде некоја негова девојка од минатото, немојте веднаш да ја бркате. Ислушајте што има да ви каже бидејќи може да ви заштеди многу време. Големи се шансите дека нејзиното искуство со него ќе биде исто како вашето.

(41)

loading...

Вашиот коментар