5 причини: Зошто жените изневеруваат?

Денес на сите им е јасно дека изневерувањето и аферите се работи кои ги прават и мажите и жените. Интересен е фактот дека во позадината на женските изневерувања секогаш има комплицирани причини.

Дали некогаш сте се прашувале зошто жените изневеруваат?

 
 

1.Партнерот не го цени нејзиниот труд
Ваквите ситуации не се реткост – партнерот често не забележува колку труд вложила другата страна во, на пример, организирање некакво случување, својот изглед или во самата врска. Емотивната потврда или чувството на партнерот да го види и цени нивниот труд им е многу важно на жените. Ако тоа го нема, многумина се фрустрираат и се незадоволни. Во такви случаи многу е лесно во друга личност да се најде она што недостасува и жената да се одлучи за изневерување.

2.Одмаздата е слатка
Верувале или не, ова е еден од најчестите причини поради кои жените изневеруваат. Дамите кои се многу верни во партнерскиот однос веројатно ќе изневерат само ако им срцето им е скршено. Изневерувањето од одмазда не се случува ако е жената изневерена, тоа може да се случи ако е лута, огорчена од сите проблеми во врската.

  
 

3.Потрага по романса и интимност
Знаеме дека жените често се вљубуваат во мажи кои знаат да флертуваат, кои се великодушни и знаат да слушаат, но како поминуваат годините на заеднички живот така и оние мали работи кои некогаш врската ја правеле голема – умираат. Во еден момент жената ќе помисли дека веројатно постои маж на светот кој ќе ги задоволи нејзините желби и ќе знае како да го одржи „оганот“. Кога тоа еднаш ќе го сфати, големи се шансите да тргне во потрага…

4.Однос кој умира
Без оглед колку таа го сака својот партнер, ако почувствува дека врската се гази и оти и се ближи крај, можеби ќе побара замена за новата празнина во животот за полесно да го поднесе прекинот. Тука може да се работи и за несериозна личност која не може да ја поднесе мислата да биде сама. Сериозните жени ретко го бираат овој пат, сметајќи дека влегување во нова врска може само дополнително да го наруши нивниот мир.

5.Долготрајно сексуално незадоволство во врската
Иако жените ретко изневеруваат само поради сексот, тоа ќе се случи ако долго време се незадоволни со односот во врската. До тоа може да дојде ако партнерот не сака да научи како да ја задоволи, се противи на оралниот секс, избегнува предигра, односот трае прекратко или не е заинтересиран за однос толку-колку што е партнерката.

(536)

loading...

Вашиот коментар