6 лоши работни навики поради кои вашата кариера стои во место

Благодарение на брзиот начин на живот, многу лесно можеме да станеме роб на лошите навики. Постојат нешта за кои мислите дека не се толку негативни, но тие всушност работат против вас. Па, ако мислите дека вашата кариера стои во место или пак, почнала да се спушта надолу, тогаш погледнете ја следнава листа со лоши навики кои би можеле да влијаат на неа…

1. Мултитаскинг
Докажано е дека жените се подобри мултитаскери од мажите, но и тие можат да имаат негативни последици од ваквиот начин на работа. Понекогаш паралелното работење на повеќе задачи може да предизвика ниту една од нив да не се заврши на правилниот начин.

 
 

2. Често проверување имејл
Опуштете се и немојте на секои две минути да ја отворате електронската пошта. Тоа не само што ќе ви го одвлекува вниманието од задачата на којашто работите во моментот, туку и ќе придонесе да правите повеќе грешки. Одберете фиксни два до три термини во текот на денот за проверувањето имејл и држете се само до нив.

3. Ги поминувате паузите на социјалните мрежи
Ако мислите дека социјалните мрежи ве одмараат и ве опуштаат, во заблуда сте. Оваа активност всушност дополнително ве измори, предизвикувајќи ви да продолжите да работите со помала концентрација. Искористете ја паузата одмор на очите и растегнете ги нозете на свеж воздух.

  
 

4. Работното биро ви е неуредно
Насобраните хартии и расфрланите предмети низ вашето биро може лесно да ви ја наруши концентрацијата. Вие ќе се чувствувате многу подобро и многу поорганизирано доколку го одржувате вашето работно биро во најдобар ред.

5. Нездраво се исхранувате
Не постои човек што не знае дека шеќерот и јаглехидратите придонесуваат за умор и нервоза. Заменети ги чоколадите со јаткасти плодови, а за ручек јадете што е можно повеќе зеленчуци и протеини.

6. Не сте физички активни
Можеби мислите дека сте премногу уморни за вежбање, но токму физичката активност ќе ве наполни со енергија и ќе ви го подобри вашето психолошко здравје.

(59)

loading...

Вашиот коментар