6 природни начини да ја осветлите косата без боја за коса

Еден од бенефитите на летото (покрај убавото време, плажите, годишниот одмор) е што може да ја осветлите косата благодарение на сончевите зраци. Секоја русокоса девојка која времето во текот на летото го поминувала повеќе надвор, знае дека сонцето ја осветлува косата. Со примена на уште неколку трикчиња вашата коса може да осветли за неколку нијанси.

Еве пет природни начини да ја советлите косата во текот на летото.

 
 

Сок од лимон
Сокот од лимон е еден од најстарите и најпознатите начини за осветлување на косата. Исцедете три лимони и во свежиот сок додадете лажица маслиново масло. Потоа премачкајте ја убаво косата и поминете час – два на сонце.

Сода бикарбона
Измешајте една мала ќесичка (10 грама) сода бикарбона со малку вода и потоа со смесата масирајте ја косата. Оставете да делува половина час , па измијте ја косата.

  
 

Мед
За осветлување на косата медот може да го употребите на два начина. Прво, да помешате три лажици мед со вода за да добиете смеса која лесно се нанесува, со смесата да ја премачкате убаво косата и да ја оставите да делува час до час ипол. Или пак, да помешате мед со регенератор за коса и да оставите да делува околу 1 час. Вториов начин за коса вреди да се проба, косата не само што станува за нијанса посветла туку добива преубав сјај.

Камилица
Купете проверен чај од камилица и направете еден појак чај од камилица употребувајќи на 200 милилитри вода 7 ќесички за чај. Оставете чајот сосема да се излади. Потоа убаво премачкајте ја целата коса и излезете на сонце! И тука би можеле да додадете малку од вашиот регенератор за коса за дополнителен сјај.

Јаболков оцет
Помешајте половина филџан јаболков оцет со 1 филџан вода и нанесете на влажна коса, после туширањето. За најдобри резултати оставете да делува 20-на минути пред да го отстраните.

Цимет
Изненадувачки колку циметот може да ја осветли косата и веројатно ова е најдобрата природна опција за осветлување. Помешајте 3-4 лажици цимет со шака регенератор за коса и нанесте на мокра коса. Убаво измасирајте ја косата и коренот и оставете да делува неколку часа пред да отстраните. Доколку имате капа за туширање или за фарбање на коса, може да ја нанесете смесата од цимет и кондиционер навечер и да ја оставите да делува во текот на ноќта, па отстранете ја наутро.

(20)

loading...

Вашиот коментар