8 нешта за себе кои не е паметно да ги откривате пред колегите на работа

Додека сте на работа, без разлика какви односи сте воспоставиле со дел од колегите, некои нешта за вас, едноставно треба да останат некажани.

Прво нешто што треба да го имаме на работното место е професионалност и ненавлегување во лични теми и односи со останатите. Но, некогаш се зближувате со некои од колегите, па неизбежно е да знаат малку повеќе за вас.

 
 

Сепак, додека сте првенствено колеги од работа, некои нешта треба да ги премолчите:

1. Вашата политичка определеност
Политиката секогаш е чувствителна тема што може да предизвика конфликт, бидејќи ретко кој има почит кон туѓиот став и мисли дека неговиот е најправилниот. Поради тоа, избегнувајте да откривате кои се вашите гледишта, дури и да сте најнеутрално определената личност во светот.

  
 

Доколку дојде до конфронтација меѓу колегите на тема политички идеали, лесно може да се случи ситуацијата да ескалира во сериозна караница и да се размени по некоја навреда. Навистина, тоа не ви треба на работа.

2. Вашето мислење дека некој е некомпетентен
Секогаш во секоја фирма или тим постои најмалку една личност која е некомпетентна, неталентирана и несоодветна за работното место кое го зафаќа. Исто како и вие, многу е веројатно дека и останатите се свесни за тоа.

Наместо да набедувате, да кодошите и да коментирате за таа личност, можеби би можеле да ја понудите вашата помош за да се подобрат. Ако реагирате, можете да го навлечете гневот на колегите врз себе и да имаат негативно мислење за вас.

Пријавете го проблемот само кога е очигледно дека таа личност целосно ја кочи ефикасноста на другите.

3. Колку пари заработувате
Вашата плата е деловна тајна меѓу вас и вашиот работодавец и тоа е правило од кое не се отстапува. Затоа, пред колегите не откривајте колку заработувате, бидејќи може да дознаете дека некој зема двојно поголема плата од вас, или пак некој друг да биде навреден што зема помала. Зачувајте го овој податок за себе.

4. Дека ја мразите оваа работа
Во даден момент секој ја мразел својата работа, но малкумина тоа го кажале гласно, пред колективот. Со тоа ризикувате да си навлечете етикета на негативна личност која не е тимски играч, но и тоа да стигне до работодавецот.

А нему пак, воопшто нема да му биде тешко да објави оглас и да побара личност која има повеќе ентузијазам да ги работи вашите работни задачи.

5. Што се случува во вашата спална
Со оглед на тоа дека она што се случува во вашата спална е меѓу вас и вашиот партнер, тогаш повеќе од јасно е дека таа информација може да биде споделена со најблискиот пријател, но никако и на работа.

Тоа може да им даде отворен простор на некои колеги за непристојни коментари, но и рушење на вашата репутација.

6. Што мислите дека некој друг прави во спалната
Вашите мислења и сомнежи на оваа тема исто така треба да ги зачувате себе. Можеби се сомневате дека некои од колегите се интимно блиски надвор од фирмата? Или пак, сте во искушение да искоментирате за колешката која е на одмор со новиот партнер?

Затворете уста, стиснете заби и оставете ги тие нешта да поминат, без вашиот коментар.

7. Какви сте биле во минатото
Младоста е доста бурен и луд период речиси кај секоја личност, но тоа поминало и сега сте сериозна личност која ја гради професионално својата кариера. Поради тоа, апсолутно нема потреба вашите колеги да знаат колку сте пиеле во студентските денови и колку партнери сте имале пред да влезете во сериозна врска.

Скандалите од минатото можеби се интересни за јавните личности, но вие обидете се да се сеќавате на таквите денови без да ги споделувате информациите.

8. Дека сте во потрага по работа
Дури и да преговарате на ново работно место, останете во актуелното додека да потпишете договор со новата компанија. Откако ќе бидат готови формалностите, најавете го вашето заминување.

Не кажувајте ја одлуката пред да биде официјална, бидејќи нештата може да се сменат во последен момент и да морате да замолите да останете (и тоа да не ви биде дозволено) за да имате пари за претстојниот период.

Ако предвреме откриете дека планирате да заминете, почнуваат да гледаат на вас како на губење време. Затоа, чекајте додека да ја добиете новата работа и потоа заминете.

(131)

loading...

Вашиот коментар