Интересен факт за оргазмите, сексот и како да си го вратите сексуалниот нагон во форма (ако сте го изгубиле…)

Многу мажи во денешно време имаат проблем со своите ерекции или недостатокот од нив. За жените од друга страна, нивната борба често се фокусира на имиџот на телото – дали се чувствуваат секси во сопствената кожа за да бидат посамоуверени во спалната соба.

И двата пола генерално се чувствуваат несигурни кога имаат проблем во една од овие области. Таквата несигурност често води до непостоечки сексуален живот… или можеби штедиме малку повеќе пари на електрична енергија со тоа што ги гасиме светлата во спалната соба.

Прво, некои интересни факти
Просечните двојки имаат секс два до три пати неделно, што трае во просек по седум минути секој пат. Половина од мажите доживуваат оргазам во рок од две минути, оставајќи ја нивната поубава половина “High & Dry”, ако знаеме дека просечната жена својот врв го достигнува помеѓу пет до седум минути во сексуалниот однос.

Споредете го тоа со другите животни во дивината, и нашиот сексуален нагон и енергија изгледаат бледо. Една лавица може да се пари 100 пати на ден во период од околу една недела и со повеќе партнери, а притоа секој пат да овулира.

 
 

Знаеме веќе што сакате да бидете во наредниот живот, ок е… Да се вратиме на муабетот.

Значи, не постои ли некоја пилула која ќе ми ги подобри сексуалните перформанси?
Денес ние сме насочени да земаме пилули за секоја болест или неприродност. Ние сме кршливи, земете го ова за да го поправите тоа. Проблемот со овој пристап е тоа што нашето тело не постои во вакуум. Имаме 11 системи на телото кои, како фудбалски тим, работат колективно. Ако еден систем е прекинат, сите тие се засегнати.

Или да кажеме отворено и јасно, земајќи некоја виолетова пилула за да си го подобрите перформансот или ерекцијата не е решение за нискиот сексуален нагон. Тоа може да ви биде одлично моментално решение на проблемот, но не ли треба започнете да се прашувате: “Зошто не можам да продуцирам сам вакви перформанси?”

И за жените, особено оние супермами кои често се прашуваат: “Каде ми отиде мојот сексуален нагон? Може ли да купам уште еден онлајн?”

  
 

И така, прашањето од милион долари е:

Кој е најдобриот начин да си го вратам моето шармантно, заводливо, секси, либидо назад?
Настрана од кркањето на пилули, критично е да ги видиме симптомите што ги доживуваме од друг агол. Треба да почнеме да размислуваме за тоа што треба да отстраниме од она што го предизвикува проблемот, а не што да додадеме на проблемот за да го прикриеме.

Шеќерот е можеби нумеро уно потиснувач на сексуалниот нагон!
…и предизвикува дијабетес тип 2, или инсулинска резистенција, што значи шеќерот не може да влезе во клетките за да се користи за енергија (уморни во последно време многу?). Па каде оди во вакви случаи? Директно во масните клетки. А масните клетки ослободуваат естроген, а вишокот естроген е убиец на сексуалниот нагон преку надбубрежните жлезди. За мажите, тоа може да резултира со вишок маснотии и низок тестостерон. За жените, тоа придонесува за опаѓање на косата, акни, промени во расположението и периоди на необјаслива болка. Жените генерално се “лакоми” само од околу 5-от до 14-от ден од нивниот циклус, така што во текот на таа недела особено, не им ја уништувајте желбата за било која форма на шеќер.

Фитоестрогените го вшмукуваат сексуалниот нагон од вас!
Ова се еден вид на мимикрии на естрогенот, ендокрини нарушувачки хемикалии кои се наоѓаат во повеќето производи што се продаваат и ги има во повеќето производи денес: парабени во производите за лична нега, БПА во пластични амбалажи, хормони кои се користат за вкусови на неоргански меса, хемикалии во неоргансо кафе, нефилтрирана вода (флашираната вода во пластика не ви прави никакви услуги), средства за чистење во домаќинството, апчиња за контрацепција, се што е поврзано со соја и повеќето конвенционални нешта, со нивното високо ниво на пестициди и хемикалии.

loading...

И што сега?
Невозможно е да ја избегнеме хроничната изложеност на токсичност низ она што го јадеме и користиме, но она што може да го сториме е да ја намалиме изложеноста кон нив и да ја поддржиме способноста на телото само да ги исфрли поефикасно. Еве, првите пет работи што треба да ги додадете и петте работи кои треба да ги намалите. Ова се најсилините решенија за да го вратите вашиот сексуален нагон во состојба на гореспоменатата промискуитетна лавица.

Додајте:

  • Влакна – 25-40 g дневно е идеално. Квалитетен органски протеин, 25-35% од дневниот внес на калории е добар опсег! Зелен зеленчук – овие ги хранат “добрите бактерии” во дебелото црево, што значи подобрување на балансот на хормоните.
  • Јога и намалување на стресот. Смирувањето на мозокот им овозможува на адреналите да се одморат, што резултира со хормонска среќа! Намалување на стресот на сите нивоа: емоционално, хемиско, физичко.
  • Вежбање, кое што е најдобриот двигател на ендорфин, тестостерон и серотонин, поттикнувајќи сексуален нагон каков што ви треба!
  • Додадете цинк, магнезиум, адаптогени, рибино масло, пробиотици базирани на спори и витамин Д. Нека ве фати малку сонце!
  • Сон! Тестостеронот се произведува додека спиеме. Просечниот маж ќе потроши околу 15% од тестостеронот за една недела, доколку спие пет часа или помалку!

Намалете:

  • Кофеин – го зголемува кортизолот, кој го намалува тестостеронот и го намалува инсулинот.
  • Хемикалии кои имитираат естрогени – БПА, парабени, соја, нефилтрирана вода, пишавме за тоа погоре.
  • Шеќери – ако можете со помалку од 50 g дневно.
  • Алкохол – им штети на надбубрежните жлезди, го замастува црниот дроб, го забавува протокот на крв.
  • Лекови – Освен за контрола на раѓање, антиациди, против болки и антидепресиви се друго најверојатно може да се избегне. Се разбира, консултирајте се со вашиот лекар…

За поголемиот дел од луѓето кои што ги прифатиле овие промени, една од првите работи што ги искусиле е враќањето на нивната енергија и подобриот сон. Заедно со тие две работи, доаѓа и… Да, тоа…

Значи, да не се секирате, не е до вас, до општеството во кое живееме е!
Со преку 85.000 хемикалии одобрени денес за употреба во нашата средина и снабдување со храна, од кои само 250 или така нешто се одобрени и потврдени за безбедни, нашите тела се збунети на сосема ново, хемиско ниво, а исто така и нашите репродуктивни органи и сексуални инстинкти.

Можеби панчлајните како “намалување на ризици од заболување” или “живејте подолго” едноставно не треба да имаат толку привлечност како ” имајте подобар сексуален живот”.

(486)

Вашиот коментар