Maкедонија се најде меѓу највозбудливите дестинации за 2019-та на листата на National Geographic

„Ставете име на авантурата“, пишува National Geographic и дискретно посочува од каде идејата Македонија да се стави на листата. Сепак, потоа ги нагласува природните убавини на земјата.

„National Geographic“ направи листа на највозбудливи дестинации за посета во 2019-та година. На листата покрај дестинации како Мексико, Сенегал, Нов Зеланд Виетнам, Франција, Гренланд, Оман, Швајцарија, Белизе, Италија, Колумбија, Египет се најде и Македонија.

 
 

Идејата за ставање на нашата земја на листата на дестинации пишува дека потекнува од актуелноста на Македонија во светските медиуми околу промената на името. Во делот зошто да одите пишува: „Ставете име на авантурата“.

Во написот на „National Geographic“ се говори дека Македонија е мала балканска држава која е богата со планини и езера, водопади и национални паркови: Галичица, Маврово и Пелистер.

  
 

Како забавни активности се наведуваат кајакарење на Охридското Езеро, кое е едно од најстарите и најдлабоки езера во Европа, и летање со параглајдер над пелагониската долина.

Целата статија прочитајте ја ТУКА!

(33)

loading...

Вашиот коментар