Австриските власти размислуваат да го забранат невкусниот флерт на улица

Австриската политичка партија Листе Пилц сака во Австрија да се воведе закон со кој би се забранило невкусното флертување на улица.

„Убавице, насмевни се“, „Го сакам твојот број“ – ваквите дофрлувања на улица се забранети во Франција. Соодветниот закон беше усвоен во текот на минатата недела и за такво невкусно флертување на улица и свиркање по жени е предвидена парична казна од 90 до 750 евра.

 
 

„Важно е да се занимаваме и со овие теми“, смета Марија Штерн од Листе Пилц.

Таа укажала дека девојчиња на 12-годишна возраст се соочуваат со мажи кои вербално ги напаѓаат на улиците.

  
 

Според нејзините зборови, неопходно е нешто да се преземе и во Австрија и да се разгледа законот воведен во Франција. Министерството за женски прашања објави дека ќе се занимава со оваа тема, додавајќи дека мора да се отфрли секој начин на сексуално малтретирање.

(17)

loading...

Вашиот коментар