Актерот Џони Деп доби нова тужба на негова адреса за напад на работник на сетот за филмот „City of lies“

Мажот на кого Џони Деп му се нафрлил и му викал  „Ќе ти дадам 100.000 долари ако ме удриш“ најверојатно и ќе ги добие тие пари откако поднесе тужба против холивудскиот актер за физички напад.

Лани беше објавено дека Деп нападнал менаџер за локација на сет бидејќи го надминал предвидениот термин за снимање на улиците на Лос Анџелес, откако овој му кажал дека имаат време за само уште една клапа.

 
 

„Кој се замислуваш дека си ти? Знаеш ли кој сум јас?“, му викал Деп на филмскиот работник Грег Брукс, а потоа два пати го удрил во стомак, стои во тужбата.

Брукс исто така наведува дека можел да намириса алкохол во здивот на Деп додека му викал.

  
 

Препирањето било прекинато со интервенција на телохранителите кои го одвлекле Деп и го тргнале на страна за да не дојде до тепачка.

Не е познато колкава сума бара Брукс како отштета.

Ова не е прв случај на насилство за Деп. Пред две години неговата поранешна сопруга Амбер Херд побара забрана за доближување и објави фотографија со модринка на окото како доказ за насилството од страна на сопругот. Таа тврдеше  Деп ја гаѓал во главата со мобилен телефон. Деп наводно ѝ понудил на Херд да ѝ плати за молчење. Неговата адвокатка, Лора Вејсер не сакаше да го коментира ова тврдење.

Поранешните телохранители на Деп, Ареола и Санчез, кои со години работеа за него, го тужат холивудскиот актер поради долгови и невозможни услови за работа.

„Бевме принудени да работиме како возачи и секојдневно моравме да возиме автомобили кои беа полни со нелегални супстанци“, стои во тужбата.

Понатамошните обвиненија велат дека Деп не им дозволувал да земат ниту пауза за одмор и ручек, а меѓу другото тие споменаа и момент кога во еден ноќен клуб бришеле дрога од лицето на Џони Деп, за тоа да не го видат другите луѓе во клубот.

(30)

loading...

Вашиот коментар