Антихерој на денот – Добил на лото, се навлекол на хероин и почнал да ограбува банки

Џејмс Хејс, кој работел како чувар во 1998 година купил лото-ливче и ги погодил сите бројки. Ја освоил главната премија, која изнесувала 19 милиони долари. Во тоа време, давајќи изјава за „Л.А. Тајмс“ тој изјавил дека со парите ќе купи нова куќа и кола и дека ќе основа семејство со соругата.

Хејс тогаш имал 35 години. Меѓутоа, оваа добивка не му помогнала туку го ставила во лоша ситуација.

 
 

Минатата недела Хејс повторно се најде во медиумите, но поради друга причина. Нему му се суди за грабеж на банка, а пресудата можно е да изнесува 80 години во затвор. Хејс веќе има 55 години, а доколку биде прогласен за виновен ќе значи дека животот ќе му заврши в затвор.

Во судот е изнесено дека минативе дваесет години Хејс неделно трошел по 1000 долари на хероин и дека во последно време живеел сам во некоја гаража. ФБИ објави фотографии од седокос разбојник, кој го снимиле надзорните камери на банките што биле ограбени во април и во септември минатата година.

  
 

Тој бил трпелив при ограбувањето на банките, чекал десетина минути, а понекогаш дури и објаснувал дека има семејни проблеми. Никогаш не побарал повеќе од 10.000 долари.

После еден месец од објавата на ФБИ, Хејс бил уапсен и доведен пред судот. За да добие поблага казна му предложиле да признае четири грабежи. Отпосле се дознало дека токму тој пред дваесеттина години добил на лотарија.

– Нема да ги прокоцкам парите. Оваа добивка сигурно ќе ме промени, ама на подобро. Со парите би сакал да им помогнам на семејството и пријателите – изјавил тогаш Хејс.

(48)

loading...

Вашиот коментар