Аргентинска полицајка надоила гладно бебе кое пристигнало неухрането и валкано во болницата

Полицајката Селест Ајала била на должност во една аргентинска детска болница, кога забележала неухрането бебе за кое на прв поглед било јасно дека живее во тешки услови.

Ајала веднаш воочила дека болничкиот персонал имал премногу работа во тој момент и ги прашала дали таа може да го прими бебето и да го нахрани.

 
 

“Забележав дека е гладен, ја ставаше својата рака во уста. Ги прашав дали можам да го прегрнам и надојам. Тоа беше тажен момент, ми се скрши срцето додека го гледав. Општеството треба да биде почувствително на проблемите на децата, ова не може да се случува”, изјавила полицајката за локалните медиуми.

Детето било најмладо од шесте браќа и сестри, а нивната мајка сама ги одгледува.

  
 

Фотографијата е објавена на Фејсбук и за кратко време го обиколи светот, а истата ја објавил нејзиниот колега, Маркос Хереида.

“Сакам да го покажам овој голем гест кој денеска беше направен за ова малечко бебе, кон кое не се двоумеше да се поставиш како мајка. Не ти беше гајле што бебето беше валкано, како што вели болничкиот персонал. Секоја чест”, напишал Маркос за својата колешка.

(242)

loading...

Вашиот коментар