Баба “претепала” разбојници: Се обиделе да и го одземат автомобилот, а потоа морале да спасуваат жива глава

Обидот на разбојниците да одземат автомобил од една баба во Јужна Африка тргнал во сосема неочекувана насока.

Имено, кога вооружените криминалци притрчале до џипот во кој се наоѓала жената и барале да го напушти возилото, таа храбро им се спротивставила. Инцидентот се случил во Хаутенг, кога жената влегла во својот ограден двор, а разбојниците ја искористиле можноста и влегле со неа.

Истрчале од автомобилот и почнале да и се закануваат чукајќи на прозорот…Меѓутоа, бабата не се предале, туку под гас тргнала во рикцерц и се забила во нивниот автомобил.

Крадците тогаш се обиделе да побегнат, но нивната несудена жртва уште два пати удрила во нив, додека се обидувале да ја сопрат.

 
 

Бабата на полицијата и рекла дека и само жал што не го забила возилото уште посилно во разбојниците. Многу луѓе по објавувањето на снимката од безбедносните камери ја пофалиле постапката на бабата, но некои рекле дека тоа не било баш паметно и дека е среќна што е жива.

(94)

  
 

Вашиот коментар