Бебе се роди во хеликоптер за време на лет над Хрватска

Во хеликоптер од типот „Ми-8 МТВ“ на хрватското Воено воздухопловство за време на итен медицински лет од островот Раб, се роди женско бебе.

Мајката го родила девојчето пред слетувањето на хелиодромот Делта во Ријека, а во моментот на породувањето присуствувал екипаж на Ескадрилата на транспортни хеликоптери на 91. Воздухопловна база, соопшти хрватското Министерство за одбрана.

 
 

Мајката и девојчето се во добра состојба, благодарение на подготвеноста и присебноста на медицинскиот тим.

(81)

  
 
loading...

Вашиот коментар