Бездомник провалил во Бакингамската палата и заспал во дворот

Во комплексот на Бакингамската палата провалил бездомник, кој четири часа спиел во дворот на официјалната резиденција на британската кралица, по што бил уапсен и осуден на 28 дена затвор, објавија британските медиуми.

Стивен Лоулор (44) во заштитениот кралски комплекс влегол на 16 јули и ја скршил огласната табла прицврстена за метална решетка, која ја искористил како кревет, соопшти Вестминстерскиот суд.

 
 

Лоулор пред судот рекол дека жали за инцидентот со кој што предизвикал загриженост.

(15)

  
 
loading...

Вашиот коментар