Ветеринар од пеколот- шверцувал хероин во кученца (ВИДЕО)

Ветеринарот е обвинет за илегален шверц на дрога во САД и се соочува со доживотна казна затвор. 38- годишниот Елорес на мали кученца им правел операција и им вградувал ампули со течен хероин во стомакот. Тој бил уапсен во Шпанија , од каде е предаден на САД , а вчера федералниот суд во Бруклин му одреди мерка притвор. Обвинителството бара доживотен затвор.

Тој се сомничи дека пред десетина години бил дел од синџирот за шверц на дрога. Неговиот брутален метод бил откриен кога при рација на полицијата во Колумбија во 2005 биле најдени десетина кучиња кои служеле како курири.

 
 

Голем број од кучињата угинале за време на операциите , со кои на расни кучиња , најчесто лабрадори , им се вградувала ампула со дрога во стомакот.

Ветеринарот Елорез во судот се изјасни дека не е виновен.

  
 

(17)

loading...

Вашиот коментар