Во Грција казна од 50 евра ако возите со влечки

Во Грција, според законските прописи, за возење во влечки е предвидена парична казна од 50 евра и одземање на возачката дозвола на еден месец.

Возењето во влечки или во отворени обувки е забрането, бидејќи можат да го попречат возачот при маневрирање, а полицијата, освен главните сообраќајници, ги контролира и приодите кон плажите.

 
 

Препорачливо е при топлото време, возачите да користат платнени чевли кои не ги загреваат нозете и овозможуваат подобро маневрирање.

Грчката сообраќајна полицијата ригорозно казнува за алкохол, неврзување на појасот и пушење во возилото во присуство на деца, пренесуваат грчките медиуми.

  
 

Грчката метеоролошка служба за наредните денови најавила тропска температура и до 40 Целзиусови степени.

Министерката за туризам Елена Кунтура изјавила дека во Грција за првите пет месеци на оваа година престојувале повеќе од 4,5 милиони туристи, што е за 20,4 отсто повеќе во односот на истиот период лани.

(39)

loading...

Вашиот коментар