Во оваа држава се користат два календари, а зад остатокот од светот доцнат седум години

Патувањето во Етиопија е како патување во минатото, што и не е толку изненадувачки ако иматена ум дека оваа африканска држава во новиот милениум зачекорила дури на 12 септември 2007. година.

Од имињата на деновите во неделата до имињата на месеците во годината, етиопскиот календар е испреплетен со библиски анегдоти. На пример, првиот ден во неделата се нарекува ехуд, што значи прв дена на древниот јазик geez, литургиски јазик на етиопската црква. Поради својата сложеност, Етиопјаните методот кој се користи за пресметување на календарот го нарекуваат „bahere hasab“, или море на мисли.

 
 

Календарот започнува со идејата дека Адам и Ева седум години живееле во рајксата градина пред да бидат исфрлени поради своите гревови. Откако се покајале, Библијата вели дека Бог им ветил дека ќе ги спаси за 5.500 години.

  
 

И етипскиот и грегоријанскиот календар го употребуваат раѓањето на Исус Христос како почетна точка на своите калкулации. Разликата помеѓу овие два календари е тоа што при изработката се користат алтернативни калкулации.

Етиопската православна црква верува дека Исус е роден во седмиот век, 5500 години откако Бог ветил дека ќе ги спаси Адам и Ева. Разликата во календарот во Етиопија е тоа што ги следи случувањата од овој ден па натаму, поради што календарот на оваа држава доцни седум до осум години во однос на останатиот дел од светот.

Етиопскиот календар има 13 месеци годишно, 12 од нив имаат по 30 дена. последниот месец, пагуме, има пет дена, а шест за време на престапна година. Четиригодиниот циклус на престапните години на етипскиот календар е поврзан со четирите евангелисти од Библијата. Првата година по престапната година се нарекува Година на Јован, следната е на Матеј, а потоа Годината на Марко. Годината на шестиот ден во 13. месец традиционално се означува како Годината на Лука.

Името за 13. месец, пагума, доаѓа од грчкиот збор епагомена, што значи „заборевени денови при калкулирање на годината“. Овој месец има пет дена или шест во престапната година.

Според овој календар, годината има 365 дена, шест часа, две минути и 24 секунди. Еднаш во четири години, шест часа се додаваат на 24 часа и така се создава шестиот ден во престапната година. Еднаш во 600 години, две минути и 24 секунди формираат цел ден и така се создава седмиот ден, што Етипјаните го нарекуваат рена меалт и рена лелит.

На секои 600 години, единствената ѕвезда Акеда излегува и фрла сенка на Сонцето, така предизвикувајќи тотално помрачување на Сонцето. Како што пишува во етипските книги, етиопската елита знаела многу пред современите научници за помрачувањето на Сонцето и предвидувала кога тоа ќе се случи.

Современа Етиопија и натаму го користи овој древен календар. Меѓутоа, патниците често доживуваат непријатности поради разликата во календарот. Поголемиот дел од Етиопјаните се свесни за грегоријанскиот календар, а некои дури ги користат и двата календари.

Како една од неколкуте земји во светот со свој календарски систем, Етиопија слави важни празници во деновите кои се различни од остатокот од светот. На пример, Етиопјаните Нова година слават на 11. септември, наместо на 1. јануари. Календарот нуди совршен изговор на туристите два пати да го прославуваат дочекот на Новага година.

(11)

loading...

Вашиот коментар