Дебакл на новиот филм на Кевин Спејси – на премиерата заработил само 126 долари

Најновиот филм на Кевин Спејси, прв од избивањето на сексуалниот скандал, доживеа дебакл на кино благајните, откако заработи само 126 долари во првата вечер од прикажувањето во САД.

Биографската драма/трилер „Клуб на милијардери“ е последниот филм што го сними двократниот оскаровец, пред минатиот октомври да се дознае за 30 години стариот случај на сексуален напад врз малолетник.

 
 

Филмот, во кој уште глумат Ансел Елгорт и Тарон Еџертон, без големи најави беше пуштен во само десет кина во САД. „Холивуд рипортер“ процени дека филмот заработил 12,75 долари во секое од кината во коишто бил прикажан, што е помалку од двајца гледачи, ако се земе предвид просечната цена на билет од девет долари.

Колку за споредба, претходниот филм на Спејси „Возач“ заработи 20 милиони долари на отворањето.

  
 

По избивањето на скандалот, Спејси беше тргнат од хит-серијата „Куќа од карти“, а потоа беа преснимени сите сцени со него во „Сите пари на светот“.

(19)

loading...

Вашиот коментар