Девојката со две вагини проговори за првото сексуално искуство и даде одговори на прашањата кои сите би сакале да ѝ ги постават

Пред три години, на Меди Шуелер (21) ѝ била дијагностицирана аномалија на матката која може да ја погоди една од 3.000 жени, па така има две вагини, две грла на матката и две матки.

“Кога имав 12 или 13 години го имав првиот менструален циклус. Не можев да користам тампони, ставав еден, но и понатаму крварев. Чувствував дека постои нешто. Неколку години подоцна почнав да добивам цисти на јајниците поради кои завршував на Брза помош. Еднаш ме прашаа дали знам дека имам две матки. Не знаев.”, раскажа за Unilad.

 
 

Со оглед дека никогаш претходно не слушнала за слично пореметување, единствената грижа ѝ била дали воопшто ќе може да има деца. За среќа, докторите ѝ објасниле дека може да забремени во двете матки, но дека најверојатно ќе добие близнаци.

Кога дознала за својата дијагноза, била во сериозна врска, но таа и нејзиното момче одлучиле да почекаат до брак пред да имаат секс.

  
 

“Мојот сопруг, тогаш момче сметаше дека тоа е прилично интересно. Ние чекавме до брак, па немаше многу проблеми кога ја дознав дијагнозата. Многу истражуваше за тоа, бидејќи му беше важно да бидам здрава. Ми беше голема поддршка”, вели Меди.

Сексот за неа беше прилично болно искуство.

“Ми беше драго што чекавме, бидејќи не беше лесно. Левата вагина е помала од десната па секогаш се обидувавме со десната. Многу ме болеше и чувствував пецкање, бидејќи пенисот се триеше во преградата помеѓу двете вагини”.

Токму тоа беше причината поради која се одлучи на операција, па денес Меди има една вагина, но и понатаму има две матки.

(1008)

loading...

Вашиот коментар