Дневна доза хорор: 10 неверојатни настани што се случиле на погреб!

Погребите треба да бидат места каде што оддаваме почит и праќаме последен поздрав кон нашите сакани. Тие се места каде што семејството жали и се поздравува, но некогаш жалењето е само една работа.

Кражба на тело

 
 

На 8 август, 2015 година 25-годишната Џули Мот од Сан Антонио Тексас го загубила животот поради цистична фиброза. Подоцна, како што следува семејството ги направило сите подготовки за нејзиниот погреб но на 15 август пред девојката да биде кремирана, како што побарало нејзиното семејство, нејзиното тело исчезнало од нејзиниот ковчег. Вработените во погребалниот дом го известиле семејството следното утро и полицијата брзо се вмешала.

Настанала истрага што водела кон само еден осомничен кој бил последниот кој заминал по погребот на Мот. Семејството одамна верувало дека тој бил опседнат со девојката и целовремено и пишувал деновите пред нејзината смрт.  За несреќа, не се пронашол никаков доказ за телото на Џули Мот иако барачка група од 60 луѓе успеала да пронајде тело во блиска шума. Но, застрашувачкиот момент бил дека тоа тело не и припаѓало на Џули. До денес, остатоците од девојката не биле пронајдени.

  
 

Image result for stolen body at a funeral

Безживотни звуци

Сите би сакале да имаме уште една конверзација со тие наши сакани кои починале но што правите кога тие што ги сакате почнуваат да прават некои необјасливи звуци? Постојат докази каде мртвите можат и по констатираната смрт да испуштаат звуци како офкање, длабоко дишење, и гласно воздивнување.

Ова е поради фактот дека постои заглавен воздух во белите дробои и многуте гасови кои се заробени поради процесот на декомпозирање. Звуците кои ги испуштаат се слушаат најчесто кога телото се поместува како на пример кога се носи во мртовечница. Но, исто се слушнале и звуци кога се пренесувал ковчегот во вечното одмаралиште. Во многу случаеви, семејствата започнале да паничат бидејќи самата помисла дека нивниот роднина или сакан е се уште жив во ковчег.

Image result for dead body groan

Истрели

Погребот може одново да ги зближи семејствата, за да ја споделат својата болка што може да ги намести личностите на мета на некој убиец. За несреќа, огромен број на луѓе си ги изгубиле своите животи поради истрели извршени во вакви интимни моменти. Во некои случаи, како истрелите на 15 март, 2017 година, кое се случило за време на погреб во Тенеси се дознало дека причините за истрелите било недоразбирање и несогласување меѓу ривални семејства поради животниот избор на починатата девојка која сама си го одзела животот.

Во овој случај но, не излегол никој со сериозни повреди. Но,  во март 2012 година 14 луѓе го загубиле животот поради истрели на погреб поради 22-годишниот Марвин Андре, припадник на банда. Откако еден гостин на погребот го допрел починатион на несоодветен начин припадниците на ривалниот генг ги грабнале своите пиштоли од нивните коли и започнале да стрелаат. Тие убиле двајца и повредиле 12 други кои подоцна подлегнале на повредите. Во починатите имало и 5-годишно девојче.

Image result for two bodies placed in a coffin by a killer

Image result for shooting at a funeral

Напад

Во 2007 година, семејството и оние кои жалат биле собрани на погреб на неидентификувана индивидуа во Орландо, Флорида  без знаење дека нивниот сакан ќе биде насилно нападнат. Тимоти Клири шетал покрај црквата кога решил да влезеи да присуствува на погребот.

Но, не само што Клири не разбрал дека не е поканет туку тој очигледно имал некоја недовршена работа со починатиот а и со самиот себе. Тој истрчал кон отворениот ковчег и почнал да го удира мртвиот. Тој ги игнорирал молбите и плачовите на пријателите и семејството но бил спречен кога семејството го нападнало Клири. Тој продолжил да се бори се додека не се појавила полицијата. На Клири му било пресудено да помине психијатриска евалуација за да добие објаснување за тоа зошто решил да посегне по таква реакција. Причината се уште не се знае.

Image result for memorial service church

Дух на погреб

На листата најпознати згради да бидат прогонети од духови се болници, затвори и психијатриски болници но исто така и погребалните установи. По сите тела и жалења што минуваат низ нив не е чудно тоа што луѓето често тврделе дека добивале чудни чувства или пак чувствувале ладни допири.

Многумина тврделе дека ги виделе нивните починати сакани како стојат близу до нивниот ковчег или покрај нивниот сопруг/а или семеен член за секунда баш пред да исчезнат. Но, најтешко им е на погребувачите кои секојдневно се среќаваат со духови. Едно утро во 1999 година, неименуван гробар подготвувал погреб за истото утро. Кога бил во тоалетот погребувачот видел човек во син костим како поминал покрај вратата  и повторно исчезнал. Поради тоа што не можел да го пронајде тој си се вратил на својата работа кога забележал дека телото што го припремува е истиот човек во синиот костим.

Image result for man in a blue suit ghost from the back

Оживување

Тешко е да пронајдете нешто пошокирачко од тоа вашиот сакан починат да оживее на сопствениот погреб. Приказната е за Свапна и Микела Шринвас кои си го искусиле оживувањето на сопственото бебе кое починало ден претходно. Новороденчето дошло на свет на 7 јули, 2017 година, цел месец порано. Откако мајката се породила во приватна клиника биле префрлени во друга болница каде докторите ги информирале родителите дека нивната новородена ќерка починала поради тоа што била преслаба.

Скршени од тага, родителите веднаш направиле подготовки за погреб. Следниот ден, кога новороденчето било префлувано во кофчегот наеднаш започнало да мрда. Алармирани, родителите веднаш го вратиле бебето во болницата каде полицијата ги спречила пред да ги нападнат докторите во бес. Дали ова било чудо или нешто позлонамерно?

Image result for newborn mistakenly declared dead india

Две тела

Кога семејството бира да има погреб со затворен ковчег за саканиот починат најчесто причината е поради почит кон приватноста на починатиот. Тогаш погребувачот има задача да да овозможи да биде испочитувана одлуката. Но во случајот на сопственикот на погребалниот дом, Марк Вилела приватноста била повеќе од нападната. По семејна расправија со својата сопруга, Ексели во нивниот дом во Флорида.

По расправијата, Вилела ја прободел својата жена 29 пати додека таа спиела. Тогаш на 9 август, како што луѓето жалеле за загубата на 89 годишна жена со затворен ковчег Вилела го ставил телото на својата убиена жртва веднаш до нејзиното. Пријателите и семејството на 89-годишната немале поим дека присуствуваат на двоен погреб. Откако колегите забележале дека Ексели не се појавила на работа и Велели престанал да ја бара ја известиле полицијата. Телото на крај било пронајдено и сопственикот на погребалниот дом а и погребувачот веднаш биле уапсени.

„Да ја развеселам мама“

Не постои нешто пострашно од загубата на дете, но кога тоа дете ќе ви испрати порака од задгробниот свет? Видео снимено во Мексико на погреб на неименувано момче ја покажува мајката во солзи но одеднаш нешто најнеочекувано се случува. Бел балон кој бил врзан за ковчегот на момчето се ослободил и почнал да лебди но не накај покривот но право хоризонтално кон мајката. Потоа балонот почнал да кружи околу неа и таа тогаш забележала дека е таму. Иако некои нудат објаснувања за тоа како може да настане ова, мајката и семејството верувале дека е духот на починатото дете.

Без глава

Да се биде погребувач е неверојатно стресна работа, но кога ќе разберете дека тие повеќе време поминуваат со мртви отколку со живи. Но на 16 јули, 1986 година таа морничава работа станала уште пострашна за еден вработен. Тоа утро додека го подготвувал телото на Ентони Полиси, локален продавач кој починал под природни услови неколку дена претходно. Но кога го отвориле ковчегот виделе дека на телото му недостасува главата.

Полицијата била повикана но вознемирувачки е дека тие не пронашле некакви докази за провала и ништо друго не недостасувало во домот. Се заклучило дека затскриена индивидуа најверојатно искористила скалпел или пак жилет за да ја отстрани главата. До денес овој случај преостанува мистерија.

Image result for without a head

Труење

На 10 јануари, 2015 година пријатели и сакани биле собрани на погреб во провинција во Мозамбик, Африка. Групата жалела за трагичната загуба на новороденче. Собраните наздравувале со пиво која го подготвила мајката на починатото новороденче. Но некое време меѓу посетата на погребот и жалењето во домот на родителите, неидентификувана личност го затрула пивото со жолчка од црн дроб на крокодил.

196 индивидуи ги наполниле болниците со најразлични симптоми кои ги доближиле до смрт. З ѓал, 69 луѓе кои присуствувале на погребот починале поради отровот, вклучувајќи ја и мајката. Виновникот никогаш не бил пронајден. Случајот се истражува и до ден денес. Доволно било лошо што овие луѓе морале да го погребаат своето новороденче а со него и половина од семејството.

Image result for Mozambique funeral beer poisoning

(194)

loading...

Вашиот коментар