Европски острови на развратот: Овие прекрасни плажи се синоним за секс, алкохол и блуд, а една ни е во соседството

Ако уште не сте го испланирале одморот, овие четири дестинации можете и да ги прескокнете. Посебно ако имате деца. Тука забавите траат 24 часа дневно, алкохол не снемува, а секс има на секој чекор.

Магалуф, Шпанија
Летувалиштето Магалуф веќе долго време важи за омилена дестинација на младите, посебно оние од Велика Британија. Низ годините стекнало репутација поради забавите, пијаните туристи и секс забавите од кои минатите години се појавувале и експлицитни снимки.

 
 
View image on Twitter

На Фејсбук постојат и страни како “Maga Walk Of Shame”, на кои се објавени снимки од пијани млади туристи кои повраќаат по улиците, спијат на клупи и плочници и имаат секс на улиците.

Image may contain: 4 people, people smiling, people standing

Ибица, Шпанија
Веројатно најпознатиот остров за забава во Европа е Ибица, која има слична репутација како Магалуф, можеби за нијанса помирно. Сепак, и тука забавите траат ден и ноќ, а алкохол и секс има на секој чекор.

  
 
View image on Twitter

Кавос, Грција
Пред две години, грчкото одредиште за љубителите на забавите, од Лас Вегас го преземало слоганот “Што се случува во Кавос, останува во Кавос” и од тогаш им нуди на посетителите развратни ноќни забави. На Фејсбук страната која ја направиле локалните мештани со цел да ги истераат развратните туристи, објавени биле срамни фотографии, но наместо да ја засрамат пијаната младина, страната станала неверојатно популарна, па туристите почнале и сами да праќаат свои срамни фотографии од Кавос.

Повеќето фотографии ги прикажуваат туристите во несвест откако испиле некоја чаша повеќе. Во главно спијат на улица, плажа или на лежалки, сосема несвесни за околината.

Зрче, Хрватска
Плажата Зрче на островот Паг е позната како “хрватска Ибица”, а ширум Европа е позната по лудите забави каде по правило се собираат туристи со подлабок џеб. Прогласена е за најубава плажа на Јадранот во 2002. година, може да прими неколку илјади капачи, а во последните години станала и светски бренд.

Клубовите на плажата работат 24 часа дневно, забавите не престануваат со месеци и меѓу клиентите кои доаѓаат постојат и такви кои забавата сакаат да ја “зачинат” и со наркотици.

Неодамна на Зрче дошло до пресметка меѓу британски банди, кога еден Британец бил убиен.

Хрватскиот портал “Index” неодамна направил анкета со британски туристи на Зрче. Покрај прашањата за сексот, едно од прашањата било и “Дали се дрогирате”, а одговорот во главно бил “Да”.

(528)

loading...

Вашиот коментар