Единственото место во Америка каде убиството може да биде легално

Поради границите на дури три држави, постои мал дел од Америка во националниот парк Yellowstone, каде законите технички не се применуваат.

Оваа локација, која е наречена „Зона на смртта“, за прв пат го освои вниманието на јавноста во 2005 година, благодарение на трудот на професорот Брајан Калт, од Државниот универзитет во Мичиген.

 
 

Во есејот под назив „Совршено злосторство“, Брајан истакна дека иако поголемиот дел од паркот е дел од државата Вајоминг, сепак мал дел се протега и преку Монтана и Ајдахо.

Меѓутоа, конгресот сметаше дека паркот е под целосна контрола на Вајоминг, што се чини разбирливо, но токму поради тоа се појавуваат одредени проблеми.

  
 

Поради споменатиот мал дел од Yellowstone, кој се наоѓа во Ајдахо, злосторство на оваа локација може да биде извршено, без притоа да биде возможно на некому да му се суди за тоа.

Причината за тоа е поради тоа што според шестиот амандман, обвинетите имаат право на судење од страна на поротата во државата или округот, во кој злосторството е направено.

Ова навистина звучи многу конфузно, а во следното видео можете да ја погледнете и мапата на националниот парк Yellowstone, како и границите на сите три држави.

На пример, ако некое убиство се изврши во тој дел од Yellowstone, тогаш судењето ќе мора да се изврши во Ајдахо, но поротата дефинитивно би морала да вклучува луѓе од деловите на паркот, кои се протегаат во Ајдахо.

Како што објаснува Брајан Калт, таква порота едноставно е невозможно да се формира, во однос на тоа дека никој не живее во таа област. Во делот од Монтана, кој му припаѓа на националниот парк Yellowstone, живеат само неколку жители.

За среќа, никој досега нема тестирано, дали оваа празнина навистина функционира.

„Судот можеби нема да се сложи со мојата теорија, но во секој случај, овој есеј не е напишан за да се инспирира некој да оди таму и да направи злосторство“, пишува Калт, во заклучокот од својот труд.

(127)

loading...

Вашиот коментар