Живот го чини: Швалер мора да плати 9 милиони долари на мажот со чија жена спиел

Во многу земји нема казна за прељуба, но не и во Северна Каролина, каде врз основа на архаичен и малку познат закон, судот на љубовник му наложил да исплати на мажот со чија жена спиел дури 8,8 милиони долари отштета.

Швалерот Франциско Хизар Трети треба да ја плати казната на Кит Кинг, со чија жена се гледал 16 месеци. Освен што го тужел за „растурање на среќен брак“, адвокатот на Кинг тврдел и дека откако неговиот клиент дознал за неверството на својата сопруга Даниел Свордс и се разделиле, неговата компанија претрпела загуби, затоа што неговата сопруга била една од вработените, а имало и снимка на која сопругот бил нападнат од љубовникот.

 
 

Изневерениот маж најпрво забележал разменување на несоодветни пораки помеѓу неговата сопруга и Франциско Хизар. Со текот на време, нивната афера им го уништувала бракот, од кој имаат и две деца. Даниел изнајмила стан во 2017 година, а кога Кинг отишол во тој стан, мислел дека таа живее сама, но вратата му ја отворил љубовникот.

Пред судот, Кинг приложил докази за шеснаесетмесечна афера. Во приватна тужба од април 2017 година, Кит Кинг го тужел Франциско Хизар Трети врз основа на законот за „растурач на домови“ што се уште е на сила во шест американски држави и тоа: Хаваи, Северна Каролина, Мисисипи, Ново Мексико, Јужна Дакота и Јута.

  
 

Судијата на крајот пресудил во корист на изневерениот маж и наложил плаќање на отштета од 8,8 милиони долари. Адвокатот на Франциско Хизар пак тврдел дека неговиот клиент не го растурил бракот на Кит и Даниел, бидејќи тој веќе бил уништен. Најавил жалба на одлуката за отштета.

(99)

loading...

Вашиот коментар