Живот тулумба без шербет – татко на девет, да ти бил стерилен цел живот

Еден Мароканец поднесе тужба против сопругата, обвинувајќи ја за неверство. При една рутинска лекарска контрола, човекот открил дека бил стерилен речиси цел свој живот, што значи дека не може да е татко на ниту едно од деветте деца.

Кобниот момент човекот, кој инаку е професор во еден мал марокански град, го доживеал при една обична рутинска контрола на уролог, а оттогаш целиот живот му е превртен наопаку. Урологот открил мала циста на неговиот десен тестис, а мажот потврдил дека ја има откако памети за себе. Докторот направил неколку тестови, и иако се покажало дека цистата не е фатално опасна, се покажало и дека човекот е апсолутно стерилен.

 
 

Поголемиот проблем, сепак, бил што со сопругата Мароканецот бил во „среќен“ (така мислел) брак цели 35 години, и наводно бил татко на девет деца.

Пред да ја поднесе тужбата против жена му, со која бара итен развод, но и отсекување на врските со сите „негови“ деца, човекот се советувал со уште неколку експерти, направил дополнителни анализи, а побарал помош и од судскиот медицински експертски тим, за да биде сигурен дека целото тоа време бил стерилен, и дека со право ќе ја обвини сопругата. Резултатите така и покажале – дека цистата навистина ја има преку 50 години, и дека таа е причината за неговата неплодност.

  
 

Неверството се смета за криминал во Мароко, па ако жената биде осудена, веројатно ќе одлежи некое време и во затвор. Сепак, веројатно најизненадувачко во целава работа е што човекот бара целосен прекин на сите врски со неговите 9 деца, кои до вчера, исто како и тој, појма немале дека не му се деца.

(485)

loading...

Вашиот коментар