Загубил на видео игра па започнал да пука кон играчите: Учесник на турнир направил масакр затоа што не можел да поднесе да губи

Сведоците на пукотниците на турнирот за видео-игри во Џексонвил, САД, открија дека напаѓачот бил еден од гејмерите, а масакрот започнал откако тој загубил во една од партиите.

Според првичните информации на американските медиуми, набрзо после масакрот, напаѓачот извршил самоубиство. Последниот биланс кој што го потврдија и од полицијата во Џексонвил е дека четири лица се убиени, а исто така потврдено е дека е мртов извршителот на нападот.

 
 

Шерифот на Џексонвил, Марк Вилијамс на прес-конференцијата изјави дека се уште се работи на идентификација на осомничениот за кој што е наведено само дека е белец.

„Имаме еден осомничен во овој случај. Тој почина на лице место“, открива Вилијамс кој што одби да шпекулира околу тоа дали напаѓачот е локален жители или пак допатувал од некој друг град.

  
 

Од „СиЕнЕн“ откриваат дека за вооружениот напад бил известен и претседателот Доналд Трамп, а од Белата куќа соопштиле дека „будно ја следат ситуацијата“.

Повикувајќи се на полициски извори, локалните медиуми откриваат дека покрај тоа што четири лица се убиени, десетина биле ранети. Пукањето се случило за време на одржувањето на турнирот во играње на видео-игри “Madden NFL 2019” кој што и во живо беше пренесуван на интернет.

(46)

loading...

Вашиот коментар