Индијка омажена за петмина браќа: Сите подеднакво ги сакам

Девојката Раџо Верма (21) од Индија е во брак со петмина мажи, но тоа не е се. Тие петмна се браќа и сите живеат во колиба со една соба.

Таа секоја ноќ поминува со друг брат, а со еден има дете. Но, ни таа самата не знае кој од браќата е татко на детето.

 
 

Иако тоа е чудно, тоа не е нималку необично за север на Индија каде Хинду традицијата бара жената омажена за еден маж кој има браќа, да биде сопруга и на другите мажи од таа куќа.

  
 

– Брзо се навикнав. Немам фаворит меѓу нив, сите подеднакво ги сакам, вели таа.

Раџо и нејзиниот законски сопруг Гуду се венчале пред четири години.

– Сите имаме секс со неа, но јас не сум љубоморен. Ние сме едно големо среќно семејство, вели Гуду.

(281)

loading...

Вашиот коментар