Интересни факти за Кина кои докажуваат дека оваа држава е од друг свет

Дури и ако сте биле во Кина, сте ја пробале локалната кујна и го учите јазикот, големи се шансите да не ја разбирате оваа држава. Па, ако планирате да ја посетите, или едноставно само сакате да дознаете нешто повеќе за неа, добро е да ги знаете овие неверојатни факти за Кина.

1. Сите имаат слушнато дека во Кина луѓето веруваат дека момчињата се дар, додека девојчињата се понижување. Можеби овој став сè уште постои во некои села, но во големите градови полот на детето нема големо значење. Сепак, Кина сè уште е патријархална држава – постарата генерација ги гледа жените како домаќинки и многу татковци имаат предрасуди за нивните ќерки кои сакаат да се образуваат или да изградат кариера.

 
 

2. Мажите Кинези сакаат да се грижат за себе и не го кријат ова. И во овој случај правилото важи најмногу за младата генерација. Мажите користат секакви парфеми и имаат тренди фризури, ја фарбаат нивната коса и вложуваат многу време и пари во нивната облека. Некои луѓе веруваат дека Кинезите го прифатиле ова однесување од Јужна Кореја која е позната по својот фокус на убавината и модата. Разликата помеѓу двајца мажи Кинези од разни генерации е неверојатна – возрасните мажи едвај се грижат за нивната облека, а не па и за фризурата или кремите за лице.

Интересни факти за Кина кои докажуваат дека оваа држава е од друг свет

  
 

3. Причината што Кинезите толку многу го менуваат својот изглед е тоа што изгледот е првото нешто што покажува колку сте богати. Всушност, токму ова ги обединува кинеските татковци и синови. Единствената разлика е тоа што младите сакаат да бидат во форма и ги следат европските стандарди, додека на постарите не им е проблем да го покажат нивното стомаче и да им дадат до знаење на сите дека можат да си дозволат повеќе храна.

4.Кинезите често го растат нокотот на малиот прст. И на овој начин покажуваат дека не работат тешка физичка работа за преживување. Нивните денови се удобни, а нивната интелигенција им е главна алатка.

Интересни факти за Кина кои докажуваат дека оваа држава е од друг свет

5. Не е важно дали луѓето од западот се учтиви или не, тие се многу атрактивни. Причината е што имаат поголеми очи и светла коса. Националноста не е важна, важно е да изгледате „европски“ за да се најдете на насловната страница на некое модно списание.

6. На Кинезите не им пречи ако странците прават чудни нешта. Сепак, длабокото деколте се смета за многу непристојно за разлика од краткото здолниште. Истото важи и за нападната шминка. Жените во Кина или воопшто не носат шминка, или нанесуваат многу малку.

7. Знаевте ли дека Кинезите ги варат јајцата во урина? Овој рецепт е наречен „Момче девица“ и е навистина едноставен – се собира кофа со урина од момчиња помлади од 10 години. Јајцата подготвени на овој начин се 4 пати поскапи од обичните и се сметаат за деликатес.

Интересни факти за Кина кои докажуваат дека оваа држава е од друг свет

8. На западњаците им е навистина тешко да не се преценат, а причината не е само тоа што се сметаат за атрактивни. Луѓето во Кина многу често даваат комплименти. Дури да не знаете ниту еден збор на кинески, тие ќе ве пофалат дека го зборувате одлично.

9. Кинезите имаат нивни изрази за луѓето со темна кожа. Ако го зборувате локалниот јазик, немојте да се изненадите ако слушнете некој да го наречат „кафе“. Најверојатно разговараат за црна личност која ја познаваат.

Интересни факти за Кина кои докажуваат дека оваа држава е од друг свет

10. Кинезите сакаат да пијат и се многу добри во тоа, а алкохолот и цигарите им се продаваат дури и на тинејџерите. Сепак, речиси е невозможно да видите дете што пие алкохол или пуши цигари.

11. Бидете подготвени да гледате деца од секоја возраст во баровите. Ова не значи дека отишле таму да се опуштат по тестот по математика. Најверојатно се таму со родителите или роднините.

12. Друго кинеско чудо се патиштата. Правилата постојано се прекршуваат и пешаците не се гледаат како дел од патот. И покрај ова, бројот на сообраќајни несреќи е навистина мал. Кинеските возачи умешно ги избегнуваат судирите.

Интересни факти за Кина кои докажуваат дека оваа држава е од друг свет

13. Обичните Кинези ретко зборуваат англиски или кој било друг јазик.Исклучок можат да бидат студентите, вработените во скап хотел и луѓето во развиените градови како Хонг Конг.

14. Можете да пушите секаде. Дури и во супермаркет.

15. Најдобро е да не допирате никого, на Кинезите воопшто не им се допаѓа тоа. Ракувањето е често само помеѓу луѓето кои се навикнати да соработуваат со странци и кои се запознаени со странска култура. Ако некој ви даде визит-карта, ставете ја во паричникот што е можно повнимателно. Визит-картите ги симболизираат луѓето, па треба да ги почитувате ако сакате да ја покажете почитта кон личноста која ви ја дала.

Интересни факти за Кина кои докажуваат дека оваа држава е од друг свет

16. Ако прифатите покана од Кинез, без разлика дали е ручек или посета на неговиот град, имајте на ум дека тој ќе плати сè. Ако се расправате за ова, ќе го навредите. Најдобро е да бидете благодарни за гостопримството и дарежливоста.

17. Денес жените зафаќаат околу 5% од војската во Кина. Армијата овозможува одлично образование, тренинг и можности за кариера, па е навистина популарна помеѓу жените. Речиси сите жени војници имаат традиционални улоги како медицински сестри или воена поддршка.

Интересни факти за Кина кои докажуваат дека оваа држава е од друг свет

18. Ова е навистина важно ако ја посетувате Кина. Во јавните тоалети, тоалетната хартија секогаш се наоѓа до лавабото. Потребно е да земете од таму пред да одите во кабината.

19. Многумина мислат дека Кинезите се неучтиви бидејќи постојано се туркаат, не чекаат во редици и се однесуваат како никој да не постои.Заборавате на извинувањата и прифатете го фактот дека луѓето зад вас едноставно ќе се навалат на вас. Кинезите се свесни дека ова им е чудно на странците, но странците не живееле во толку густо населена држава. Има премногу луѓе во Кина. Никогаш нема да фатите место во автобус ако постојано сте учтиви. На фотографијата е приемен испит на факултет за уметност, а ова е доказ за постојната „гужва“ во Кина.

Интересни факти за Кина кои докажуваат дека оваа држава е од друг свет

20. Ако одите во типична кинеска кафетерија не заборавајте дека таму нема виљушки. Дури и ако јадењето со стапчиња ви е предизвик, потребно е да избегнувате некои работи.

  • Не ставајте ги стапчињата во оризот, освен ако сте на погреб.
  • Не ставајте ги стапчињата на масата.
  • Не покажувајте со стапчињата кон луѓето – тоа се смета за навреда.
  • Не удирајте ги стапчињата од забите или чинијата.
  • Не фаќајте ја храната со погрешниот крај од стапчињата.
  • Во ред е ако ги користите како виљушка.

Без разлика колку ви е тешко, не заборавајте дека ќе ги импресионирате вашите пријатели од Кина со тоа што се обидувате.

21. Во Кина пижамите не се само за спиење. Сè повеќе и повеќе луѓе ги носат на состаноци, вечера и прошетки. Навистина е одлично што можат да носат удобна облека без да се чувствуваат засрамено.

(125)

loading...

Вашиот коментар