Италија ќе го забрани шопингот во недела

Новата италијанска Влада до крајот на годината ќе воведе забрана за купување во недела во големите трговски центри, бидејќи сака да ја сочува традицијата на семејното собирање во последниот неработен ден од неделата, изјавил потпретседателот на италијанската Влада, Луиџи Ди Мајо.

Во обид да го поттикне економскиот раст, тогашниот италијански премиер, Марио Монти, во 2012 година ја либерализираше трговијата во недела, наспроти притисокот на Римокатоличката црква и синдикатот, кои тврдат дека земјата мора да ја сочува традицијата на одморање во недела.

 
 

(6)

loading...

  
 

Вашиот коментар