И најголемите копираат: Хит на „Битлси“ е плагијат на песна од Чак Бери

Додека музичката индустрија денеска цвета, а плагијатите се насекаде околу нас, вистина е дека и за некои од најголемите музички хитови од средината на 20 век, исто така е позајмувана инспирација од други песни.

Во однос на тоа дека овие денови, британскиот музичар Ед Ширан, се соочува со обвинија, за тоа дека неговиот најголем хит „Thinking out loud“, е всушност плагијат на песната на Марвин Гај, „Lets Get it on“, се повеќе во јавноста се зборува и за авторските права.

 
 

Имено, култниот бенд, инспирација за нивниот хит „Come Together“, добил од Чак Бери.

  
 

Чак не поднесе тужба, но на „Битлси“ тужбата сепак им стигна од други луѓе, кои имаат права над песните на Чак Бери.

Тие се обидуваа да постигнат договор на суд, а гитаристот Џон Ленон прифати да сними три песни за издавачката куќа која ги тужеше.

Сепак, на крај тој објави само две песни: „Ya Ya“ и „You can’t catch me“.

(15)

loading...

Вашиот коментар