Како да паднала атомска бомба – ураганот Мајкл ја опустоши Флорида

Ураганот Мајкл остави незамисливо уништување зад себе, откако удри во крајбрежните области на Флорида, изјави гувернерот Рик Скот.

„Голем број животи се сменети засекогаш, голем број семејства изгубија сѐ. Ова беше чудовишен ураган, кој на свој пат уништи домови, бизниси, патишта и инфраструктура“, кажа Скот.

 
 

Во најтешко погодените делови на Флорида, куќи беа откорнати од темелите и паднаа голем број дрвја. Ураганот Мајкл донесе со себе ветрови од 250 километри на час, за потоа да му се намали интензитетот откако сврте кон североисток.

  
 

Шест луѓе загинаа, меѓу кои и 11-годишно девојче, додека на 370.000 луѓе им беше наредено да се евакуираат. Милиони домови останаа без струја во шест сојузни држави.

„Тоа беше како атомска бомба да паднала во нашиот град. Штетата е огромна“, изјави еден жител на Панама Сити.

Мексико Бич, град со околу илјада жители на Флорида, е целосно збришан, а огромни штети се забележани и во гратчето Лонг, низ кој ураганот поминал со најголема силина.

„Нашите животи се завршени. Сите продавници, сите ресторани, сѐ е уништено. Ништо не е останато“, изјави жител на Мексико Бич.

(86)

loading...

Вашиот коментар