Како на филм: Град во Германија организира лотарија за празни гробни места

По ослободување на 200 парцели, власта во Берхтесгаден одлучи да организира лотарија за сите да имаат еднакви шанси да дојдат до место за вечена починка.

Поради недостиг на простор, градските власти долго време мораа да ги одбиваат барањата за купување гробни места на гробиштата од 17 век за кои отсекогаш владеел голем интерес.

 
 

Германските медиуми известуваат за тоа дека овој град преку лотаријата сака да им излезе во пресрет на заинтересираните, пренесува Анадолија.

Според градските власти на гратчето сместено на баварските Алпи, лотаријата ќе се одржи на 18 јули, а до сега за учество се пријавиле 280 луѓе.

  
 

(7)

loading...

Вашиот коментар