Киднапирал девојче и 15 години ја силувал во пештера

Полицијата во Индонезија ослободила 28-годшна девојка која селски шаман ја држел заробена во пештера цели 15 години.

Врачарот стар 83 години, наводно ја киднапирал девојката кога таа имала само 13 години, а со текот на времето и го испрал мозокот убедувајќи ја дека ја запоседнал лошиот дух „јин“.

 
 

Се наведува дека ја одвел во својата куќа каде сексуално ја злоставувал девојката повеќе од деценија. Шаманот е уапсен поради сексуално злоставување и киднапирање.

Small cave between large boulders

Старецот, како што пренесуваат локалните медиуми, познат под името Јаго и како алтернативен исцелител практикува и црна магија.

  
 

Полицијата навела дека девојчето уште во 2003. година го довело нејзиното семејство кај него на третман и таму ја оставиле. Подоцна таа исчезнала, а шаманот на семејството рекол дека заминала во Џакарта за да најде работа.

View image on Twitter

По безуспешната потрага на семејството повеќе години, девојката се водела како исчезната.

Реагирајќи на пријава, полицијата отишла во селото Галумпанг и таму пронашла несреќна девојка на мал простор во камења.

На фотографијата која ја објавила полицијата се гледаат парчиња примитивен мебел во пештера која се наоѓа покрај неговата куќа.

Полициските извештаи наведуваат дека старецот ја силувал девојката константно од нејзината 13-та година, како и дека повремено во текот на ноќта ја доведувал во својот дом, но дека преку ден била присилена да престојува во пештерата.

(206)

loading...

Вашиот коментар