Кога една Данска ќе реши да ги дисциплинира мигрантите криминалци…

Данска планира да ги смести најнепосакуваните мигранти на најмалку пожелно место: мал и тешко достапен остров, на кој моментално се наоѓаат лаборатории, штали и крематориум на центар за истражување на животински заразни болести. Дури и еден од двата траекти кои ретко возат на островот има соодветно име, „Вирус“.

„Тие се непосакувани во Данска и има да го почувствуваат тоа“, изјави министерот за имиграција Ингер Стојберг.

 
 

Централнодесничарската влада и десничарската Данска народна партија постигнаа договор за сместување на стотина луѓе на островот Линдхолм, и тоа странци со криминално досие или оние на кои им било одбиено барањето за азил и не можат да се вратат во своите земји.

Сместен на влезот во Балтичкото Море и на околу четири километри од најблиското копно, странците ќе мора секој ден да се пријавуваат, а ако не го направат тоа, ќе бидат затворени. Во наредните четири години, ќе бидат вложени 115 милиони долари во објекти за имигранти на островот, што треба да биде отворен до 2021 година.

  
 

Тоа нема да биде затвор, но оние што ќе бидат префрлени, ќе мора да останат таму. За странски криминалци нема место во Данска. Додека не се ослободиме од нив, тие ќе бидат на Линдхолм“, изјави портпаролот на Данскатанародна партија.

(28)

loading...

Вашиот коментар