Колку вреди банкнота од нула евра со ликот на Карл Маркс?

Германскиот град Трир, родното место на Карл Маркс, испечати банкнота во апоени од нула евра со неговиот лик по повод обележувањето на 200-годишнината од раѓањето. Банкнотата брзо стана хит меѓу туристите.

Цената на овој сувенир, за кој никој не очекуваше дека ќе биде толку популарен, изнесува 3 евра, а досега колекционерите и туристите купиле повеќе од 100.000 банкноти со ликот на Маркс.

 
 

За помалку од еден месец се продадени 5.000 банкноти, истакнуваат од локалната туристичка организација во тој град.

Германските медиуми проценуваат дека веројатно не е доведено во прашање кој апоен ќе го има банкнотата со слика од идеологот на утопиското општество во кое секој ќе добива според своите потреби.

  
 

Инаку, оваа банкнота има и воден жиг, метална лента, печатена е на посебна хартија и генерално ги има сите карактеристики на банкнота.

Градот Трир оваа година е преполн со сувенири што потсетуваат на големиот син на тој град, Карл Маркс, а секаде може да се купат сувенири: шолји, пенкала и постери, крпчиња за чистење очила, мали музички кутии и магнети.

„Издавач“ на банкнотата не е Европската централна банка, туку компанија која се занимава со туристички маркетинг во Трир.

(109)

loading...

Вашиот коментар