Купила сперма од затвореник за да ја избегне смртната казна!

Нгуен Ти Хуе, која во Вијатнам 2014 година поради кријумчарење на дрога е осудена на смртна казна затруднела во затворот за да го избегне погубувањето.
Инспекторите велат дека 42 годишната жена купила сперма од 27 годишен затвореник за 2.300 долари. Тој во август 2015 на два наврати и предал шприц со сперма по што затруднела, а требала да се породи во април.
Според вијатнамските закони, трудници или мајки чии деца се помали од три години не може да бидат погубени, па се очекува казната да и биде изменета во доживотен затвор.
Имено, поради целиот случај четворица затворски чувари се суспендирани од должноста.

(246)

loading...

 
 

Вашиот коментар