Манарола град како од бајките!

Постојат градови кои изгледаат како од бајките.

Гратчето Манарола се наоѓа на брегот на Лигурското Море, ракав на Средоземното море и датира од 1338-та година. Mногуте генерации на традиционално одгледување на лозови насади, резултира со плодови кои се користат за правење на Лигурското вино, едно од најубавите вина во Европа.

 
 

Во крајбрежјето на градот нема плажи, но тоа не ги спречува мештаните како и туристите да уживаат во пливањето во малото, но длабоко езерце во средина на гратчето.

Позната туристичка активност во Манарола е пешачењето по познатите пешачки патеки кои водат кон бујно вегетативните ридови и виновите насади во околината, како и оние кои водат кон другите гратчиња од групата Cinque Terre.

  
 

Карактеристика на ова шармантно италијански гратче е специфичната архитектура, куќите обоени во разнобојни фасади и скалесто изградени на повеќе нивоа на карпата.

Манарола со прекрасниот природен пејзаж и архитектурата која придонесува на визуелниот аспект, служи како инспирација на многу уметници и важи за еден од најфотографираните мали градови во светот.

 

(16)

loading...

Вашиот коментар