Мајка го променила името на својот син поради печатна грешка во тетоважа

Една мајка од Шведска се одлучила на драстичен чекор кога тату-мајсторот погрешно го истетовирал името на нејзиниот син.

Со цел да ја усогласи новата тетоважа со името, мајката која се претставила како Јохана официјално го променила името на својот син од Кевин во Келвин.

 
 

Ваквата грешка настанала кога мајката ги истетовирала имињата на својот син и ќерката Ноа на својата надлактица.

“На прв поглед сè изгледаше во ред. Роднина ме фотографираше додека се возевме и тогаш ја забележав грешката. Не можев да поверувам”, изјавила Јохана за BBC.

  
 
View image on Twitter

Таа веднаш се вратила во студиото за да ја пријави грешката, а оттаму ѝ кажале дека може да се поправи единствено со ласер, но таа постапка трае предолго.

“Размислив и одлучив да му го променам името на Кевин. Сега повеќе нѝ се допаѓа новото име и нема да го менуваме”, додала таа.

Јохана за еден шведски медиум изјавила дека ќе го истетовира името и на својата новородена ќерка Фреја, но овој пат ќе внимава да не ја повтори истата грешка.

“Ќе го запишам името на лист хартија за да го проверам 10.000 пати”, изјавила мајката.

(62)

loading...

Вашиот коментар