Медицински феномен, жена родила 69 деца??!!

Еден локален руски манастир тврди дека сопругата на Русинот Фјодор Василев  кој живеел во 18 век наводно родила најмногу деца на светот.

Според податоците на манастирот , кој потоа биле испраќани во Москва, госпоѓа Василев меѓу 1725 и 1765 година родила 16 пара близнаци, седум тројки и четири пати  родила по четворки: Што значи дека таа преживеала 27 породувања и родила дури 69 деца?!

 
 

„Тоа звучи фантастично: Мислам 69 деца? Ве молам!“ е коментарот  Џемс Сегарс директорот на Одделот за репродуктивна наука и истражување на женското здравје на факултетот „Џонс Хопкинс“.

Поради тоа сега и се поставува прашањето постои ли ограничување кога станува збор за тоа колку деца може да роди жената по природен пат?. Современата наука тврди дека барем во теоријата оваа бројка е многу поголема отколку што би помислиле.

  
 

Математички гледано, иако е возможно да се изнесат 27 бремености во период од 40 години. Посебно ако се земе во предвид дека бременоста со тројки и четворки обично трае пократко од девет месеци.

Тоа би значело дека во периодот од 40 години, госпоѓата Василев дури 18 години била бремена што е скоро половина од времето.

(165)

loading...

Вашиот коментар