Место на кое е забрането користење на мобилни телефони

Бесмислената потрага за совршена фотографија и прашањето дали има подобро изгледа „од профил“ или бочно, многумина ги довело во опасност, а да не го споменуваме тажниот исход на оние кои биле во потрага по фотографија од рајот, па ги загубиле животите.

Токму од тие причини, еден хотел на Бали, вовел правило за забрана на употреба на мобилните телефони покрај базените.

 
 

Желбата да се избега на место каде никој нема да ве вознемирува, барем додека сте на одмор, стана бесмислена, бидејќи ако судиме по менаџментот на хотелот „Ayana Resort and Spa“, гостите не се одвојуваат од своите телефони во моментите кои се наменети за сончање, опуштање и уживање. Поради тоа, хотелот ја вовел споменатата забрана за користење на телефоните во период од 9 до 17 часот, барем додека уживаат во еден од 12-те фантастични хотелски базени.

Овој потег е дел од кампањата „Овој момент“, која се однесува на поврзување со природата без притисок за совршена фотографија или постојана опседнатост со социјаните мрежи. Во согласност со правилата на хотелот, гостите имаат на располагање и кабини каде можат безбедно да ги стават своите уреди, за да уживаат во пливањето и вечерното седење покрај базените.

  
 

Портпаролката на хотелот рекла: „Нашата намера е да го сочуваме човечкиот однос со природата и врската со самите себеси“.

Базенот кој изгледа како „мрзелива река“ е место за спокој, каде гостите можат навистина да се опуштат. Меѓутоа, на посетителите им е дозволено да се фотографираат во базенот и околу него, пред 9 и после 17 часот.

Посетителите на ова преубаво одморалиште, покрај многубројните базени, на располагање имаат и плажа на која се наоѓа хотелот, голф терени, теретана, тениски терени, СПА комплекс и продавници со индонезиски сувенири.

(20)

loading...

Вашиот коментар