Мистериозен брод без екипаж во водите на Мјанмар: Последен пат е виден пред 10 години

Огромен ‘рѓосан брод без екипаж откриле рибарите во близина на брегот на регионот Јангон.

Откако мистериозниот брод се заринкал на брегот на Мјанмар, властите и припадницитре на морнарицата во четвртокот влегле во бродот кој ја носи ознаката „Сем Ратуланги PB 1600“, за да го истражат, пишува „БиБиСи“.

 
 

Полицијата и припадниците на морнарицата останале збунети поради тоа што таков голем брод, без екипаж или роба на бродот, завршил во близина на брегот на регионот Јангон.

„На бродот немаше морнари или роба“ – навеле од полицијата, додавајќи дека бродот пловел под индонезиското знаме.

  
 

Бродот, кој е направен во 2001 година, долг е повеќе од 177 метро, според податоците на интернет страницата „Марин Трафик“ која ги регистрира движењата на бродовите ширум светот. А изненадувачки е и податокот на официјалните лица кои тврдат дека бродот е во исправна состојба.

Локацијата на бродот за последен пат е забележана во близина на брегот на Тајван во 2009 година, а ова е прва пријава на напуштен брод кој се појавил во водите на Мјанмар, известува „АФП“.

Додека полицијата во Мјанмар се обидува да го открие потеклото на товарниот брод, припадниците на морнарицата се сомневаат дека бродот бил влечен од друг брод во правец на фабрика во Бангладеш, па поради лошите временски услови екипажот го напуштила бродот.

(269)

loading...

Вашиот коментар