Мрачните тајни на три руски градови кои се домаќини на Светското првенство

Илјадници фанови на фудбалот ги открија убавините на Самара, Калининград и Нижни Новгород во последните недели колку што трае Светското првенство во фудбал.

А сите три града се полни со содржина и убавини кои кријат мрачни тајни од минатото.

 
 

Калининград некогаш попознат како Конигсберг е дел од руската енклава која е поблиска до Амстердам отколку до Москва и претставува вистински балтички град кој се врзува за Емануел Кант. Самара од друга страна, на брегот на Волга, нуди преубави паркови покрај вода и импресивни музеи за уметност. Нижни Новгород има сопствен Кремљ на врвот на брдото и безброј импозантни цркви. Сите три града имаат нешто заедничко – пред триесет години не би можеле да ги посетите!

Калининград
Калининград, најсилното пристаниште на западот на Русија била од стратешко значење и дом на Советската балтичка флота. Околу 600 илјади војници, морнари и нивните семејства живееле со нивните семејства овде за време на Студената војна, сочинувајќи скоро половина од градската популација. Скоро 50 години бил скриен од јавноста, а откако го промени името во 1991 година стана конечно отворен и за туристите. Првиот турист кој се вратил, еден од поранешните германски жители, сфатил дека остатокот од стариот Конигсберг е уништен.

  
 

„Некои од уништените згради стоеле до 1968 година кога според раскажувањето на жителите, Никита Хрушчов се одлучил стариот Конигсбер, колевката на источна Прусија, целосно да го уништи. Куќите кои биле обновени сега се уништени, а црвените цигли послужиле како материјал за изградба на Вилнус, Рига и Ленинград“ – пишува во „La Times“ од 1991 година.

Денеска овој град е обновен, а туристите и понатаму можат да уживаат во остатоците на богатата германска историја на градот. Градот негува сопствена Бранденбуршка капија, која е помала од онаа во Берлин, а градската катедрала е конечно обновена благодарејќи на германските средства. Во музејот на Кант, ќе имате фасцинантен увид во животот на овој голем филозоф. Во близина се наоѓа и Рибарското село во кое навистина ќе можете да го почувствувате духот на некогашниот Конигсберг.

Самара
Во 1935 година, Самара го променила името во Кијбајшев, а се додека еден болшевички лидер не побарал да се врати историското име била затворена за странците поради својата улога во вселенската трка. Во нејзините фабрики се градела ракетата која го испратила Јури Гагарин во орбитата 1961 година, а не е случајно зошто нејзиниот стадион се вика Космос Арена и е изграден во облик на вселенски брод. Самара и ден денеска е дом на руската авио-индустрија, но не е забранет за посета на туристи. Всушност од 2007 година туристите можат да го посетат музејот Космик Самара кој е посветен на вселенските достигнувања на оваа земја.

Нижни Новгород
Од 1932 до 1990 година се викал Горки по својот најпознат жител, Максим Горки, а освен тоа бил и важен индустриски центар, кој го носел и неофицијалното име “рускиот Детроит“.

Бил најголем снабдувач на муниција за источниот фронт во Втората светска војна, а и после конфликтот продолжил да служи за воени истражувања. Поради тоа не чуди одлуката на СССР да го затвори за туристи. И покрај својата големина (петтиот најголем град во Русија) уличните мапи не биле достапни за јавноста се до доцните седумдесетти години. Исто така, во овој град, седум години во куќен притвор бил Андреј Сакхаров, креаторот на хидрогенската бомба, а неговиот стан денеска е музеј.

Станал најважниот научник во СССР кој доживеал толкав шок од сопствената креација што почнал да се поврзува со светот инсистирајќи на мир и хумани цели. Најважниот артефакт е белиот телефон кој го инсталирал само поради еден повик кога Михаил Горбачев го повикал да му соопшти дека после седум години е слободен и може да се врати во Москва, каде и починал во 1989 година.

(80)

loading...

Вашиот коментар