Муслиманска двојка одбила да се ракува, Швајцарците одбија да им дадат државјанство

Муслиманска двојка поднела барање за швајцарско државјанство за кое се решавало во Лозана, но биле одбиени од градските власти, пренесува Гардијан.

Според градоначалникот Грегоар Жуно тие биле одбиени бидејќи не ја признаваат рамноправноста на половите. Жуно кажа дека градската комисија ја испрашала двојката пред неколку месеци за да провери дали ги исполниле критериумите за добивање државјанство. Но, како што се вели во одлуката која е јавна, тие не успеале целосно да се интегрираат.

 
 

Иако градоначалникот не сакал да ги објави сите детали за двојката и не сакал да открие од каде доаѓаат ниту нивните идентитети, тој откри дека не сакале да се ракуваат со лица од спротивниот пол. Исто така, кога прашања им поставувале лица од спротивниот пол имале проблем со одговарањето, им било многу непријатно.

Жуно истакна дека во нивниот кантон се почитува верата и содржана е во законите, но и дека верската пракса не е надвор од легислативата.

  
 

„Уставот и еднаквоста меѓу мажите и жените мора да ја победат нетолеранцијата кон различностите и фанатизмот“, изјави заменик градоначалникот на Лозана.

Муслиманската двојка има право на жалба на одлуката на градот.

(53)

loading...

Вашиот коментар