На Американците им треба потсетување: Кондомите се користат само по еднаш

Центарот за контрола и превенција на болести на САД во делот на својата веб-страница посветен на сексуално преносливи болести потсетува дека кондомите се предвидени за еднократна употреба.

Здравствените работници констатирале дека е неопходно да се упати такво потсетување до Американците, по сознанијата дека луѓето наместо да ги фрлат, ги перат презервативите и потоа повторно ги користат.

 
 

Во апелот исто така се наведува и дека кондомите имаат рок на траење.

Центарот потсетува дека со поравилно користење, кондомите го намалуваат ризикот, но не ја елиминираат опасноста од заразување со сексуално преносливи болести.

  
 

(87)

loading...

Вашиот коментар