На Филипините тренираат “строгоќа“ со багери врз луксузни автомобили повторно…

Филипинскиот претседател, Родриго Дутерте, уште еднаш реши да се пресмета со дилерите на дрога во земјата, па по тој повод присуствуваше на јавно уништување на луксузни автомобили и мотоцикли кои, наводно, биле запленети од дилери на дрога, пренесоа британските медиуми.

Дутерте организираше јавно уништување на луксузни возила во вкупна вредност од 5,4 милиони долари, што е дел од кампањата против шверц и корупција во владата.

 
 

Уништувањето на луксузните возила беше пренесувано во живо на државната телевизија.

  
 

Ова не е првпат претседателот на Филипините на ваков начин да се справи со дилерите на наркотици. На почетокот на февруари на истиот начин беа уништени 30 луксузни автомобили, увезени од странство, поради тоа што нивните сопствениците не платиле данок.

(82)

loading...

Вашиот коментар