Неверојатно: Пијани полицајци ѝ дозволиле на својата малолетна другарка да го вози полициското комбе

Тројца млади словенечки полицајци се суспендирани откако на малолетна другарка ѝ дозволиле да управува со полициското комбе во утринските часови.

Како што пренесуваат тамошните медиуми, полицајците ѝ дозволиле да го управува комбито иако таа немала возачка дозвола, а полициската станица од Крањ каде што се случил инцидентот потврди дека сите конзумирале алкохол.

 
 

Дисциплинската постапка е веќе отворена, а доколку тројцата полицајци бидат осудени за несовесно однесување за време на службена должност, би можеле да бидат казнети и со три години затвор или парична казна.

Од словенечкото Министерство за внатрешни работи порачаа дека ќе го искористат овој случај за на јавноста да ѝ докажат дека неодговорното однесување на полицајците е недозволиво, а 300-те наставни часови по етика во полициската академија не се случајно воведени.

  
 

Како што откриваат словенечките медиуми, за инцидентот со малолетната девојка и тројцата полицајци се дознало откако девојката сето тоа го снимала со својот мобилен телефон и се пофалила на социјалните мрежи дека управува со полициско комби на автопат.

За тоа дознале полицајците од внатрешната контрола и побарале детално испитување на случајот. Набрзо потоа девојката била повикана на информативен разговор во полициската станица каде што признала дека управувала со полициското комби.

(1244)

loading...

Вашиот коментар